Детето, созревајќи и растејќи, учи и знае многу работи, но кога зборува, користи и истакнува само некои зборови за кои е заинтересирано
Ако го поставиме прашањето: „Што се тоа зборови?“, најпрво треба да разбереме дека тоа се елементи на нашите мисли кои ни се потребни за многу сложени активности, како што е процесот на мислење.
Од најрана возраст децата веќе почнуваат да го развиваат својот речник – учење нови зборови со што истовремено го учат и јазикот.
Самата професија логопед ми налага да истакнам дека треба да се знаат вербалните симболи и треба да се знае времето или поточно кажано да се знае на која годишна возраст е потребно детето да усвои еден даден збор. Не е вкусно мало дете 3-4 години да го учиме на некој збор, за кои тоа нема доживеано говорно-искуствено значење. Не смееме да го губиме од вид фактот дека деловите од јазикот, т.е. зборовите им претходат на подоцнежните сложени облици на говорното однесување – речениците.
Од оваа причина, детето треба да биде запознаено со сите видови и форми што може да се јават кај еден даден збор.
Да се научи зборот и да се употреби во говорот
Се поставува прашањето: „Што се добива ако детето знае да изговори некој збор? Или да знае јазик?“
Тоа значи дека адекватно и правилно се користат зборовите на тој јазик, и детето соодветно се однесува кога го изговара и кога го слуша зборот.
Истражувања покажале дека просечен фонд на зборови на политичар е 10.000 -15.000, а на професионален научник 60.000 -80.000 збора. Дете од 14 години располага со 10.000 збора, а во 21. година се качува на 15.000 збора
Ќе наведам еден пример: Да се направи обид да го научиме малото дете да ја разликува црвената боја.
– Му покажуваме некој црвен предмет и му кажуваме: „тоа е црвено“. Детето со тек на време ќе го завладее говорниот збор „црвено“, но вистински ќе го владее не само кога го кажува „црвено“ гледајќи во предмет обоен во црвено, туку зборот „црвено“ ќе го употребува и за други предмети.
Преку овој даден пример треба да имаме на ум дека имаме две различни појави. Едната е учењето на зборот, а другата е употребувањето на зборот во говорот.
Разбираат повеќе зборови од оние што ги користат
Детето, созревајќи и растејќи, учи и знае многу работи, но кога зборува, тоа користи и истакнува само некои зборови за кои е заинтересирано, за кои самото нешто осознало, и кога се труди да го разбере неговиот слушател.
Кога зборуваме за речник, неопходно е да објасниме дека има пасивен речник (речникот на разбирање и на препознавање на зборовите) и има активен речник (речник кога зборовите активно се користат).
Ваквите две форми на речници секој од нас ги има и ги поседува. Овие два речника меѓусебно се преклопуваат, но треба да разбереме дека не се исти.
Уште од раното детство речникот на разбирање и препознавање на зборовите многу е поголем за разлика од активниот речник. Тоа е исто кога детето учи да зборува, реагира на зборовите и ги разбира. Овој пасивен речник многу порано се јавува, а дури подоцна доаѓа до состојба да ги изговара разбираните зборови.
Ова се случува и кај возрасните луѓе. Тие можат да разбираат и да препознаваат некои зборови, но никогаш не ги употребуваат во својот говор (не се соочиле со таква ситуација да можат да вметнат такви зборови). Освен тоа, зборовите може да бидат разбирани во различен степен на целовитост што се однесува на нивното значење.
Да читаме
Крајна цел за проширување и богатење на сопствениот речник е:
– Да се оспособи детето за правилна употреба на зборовите како физички феномен, т.е. кога се изговорени, кога се слушнати, кога се напишани и кога се прочитани.
Сите овие физички особини треба да се поврзат и да се координираат за осмислена содржина.
Или поедноставно кажано, кога се развива еден речник, тоа всушност претставува развивање на повеќе видови реченици.
а) Речник кој содржи зборови што ги користи детето во говорот
б) Речник кој содржи зборови што ги користи во пишувањето
в) Речник кој ги користи зборовите и ги препознава при слушањето
г) Речник кој ги содржи зборовите и ги препознава при читањето
Речникот на пишување – Писмениот речник многу се разликува од активниот речник. Писмениот речник е многу поширок, побогат, и преку него многу полесно можеме да се изразиме. Во текот на пишувањето ни доаѓаат зборови кои лесно ни се наметнуваат, лесно се одбираат, бараат помала автоматизација во текот на зборувањето. Ова е повпечатливо на рана детска возраст, но со тек на годините разликата во говорниот и писмениот речник станува помалку впечатлива.
Според истакнати научници кај дете од седум години, писмениот речник е обично за 50% побогат од говорниот речник, но кога ќе заодат на училиште и ќе почнат да усвојуваат училишно знаење, оваа разлика постепено се намалува.
Истражувања покажале дека просечен фонд на зборови на политичар е 10.000 -15.000, а на професионален научник 60.000 -80.000 збора. Дете од 14 години располага со 10.000 збора, а во 21. година се качува на 15.000 збора.
Просечниот речник на еден просечен возрасен човек изнесува 18-20.000 збора.
Она што е интересно укажува на тоа дека речник од околу 800-900 збора е доволен да може човек да се изрази и да се снајде во животот.
Се надевам дека овој текст ќе ви помогне околу градењето на речникот, не само на сопствените деца, туку и на другите. Посакувам да читаме и така да ја разбудиме желбата за усвојување нови неоткриени зборови. Самите ние да уживаме во завладеаната постигната сопствена говорна вештина.
912