Од десет бебиња што ги гледа, физиотерапевтот Христина Андрашевиќ забележала дека девет од нив носат алки. И затоа решила преку „Инстаграм“ да апелира родителите да престанат да го прават тоа.

„Тоа ја попречува нивната подвижност. На оваа фотографија се гледа разликата во положбата меѓу потпирач на подот и отворање на дланката. Не давајте му на детето стимулација на раката што не му е потребна, бидејќи таа рака ќе ја движи различно од она што е природно, а тоа не ви треба“, предупредила таа.

Инаку, освен алки, децата во православните семејства на рацете носат и бројаници (нараквици од врвки од мониста), кои служат за броење на молитвите. „Сигурна сум дека бебињата не го прават тоа. Стисната тупаница или неможноста добро да се поддржи зглобот е поголем проблем”, додала таа.

Извор



912

X