Финска доживува бејби-бум, вели Мика Гислер, професор по истражување на Финскиот институт за здравје и благосостојба.

Гислер вели дека бројот на раѓања е поголем од очекуваниот во февруари.

– Минатата година беше престапна, а се родија 6,7 отсто повеќе деца од минатогодишниот февруари. Децата во февруари се деца кои се зачнати претходното лето. Во летото 2020 година ситуацијата со ковид-19 беше подобра. Се знаеше дека ќе дојде нов бран, но не се знаеше колку лош ќе биде – вели Гислер.

Податоците откриваат дека 30-годишниците ги родиле повеќето деца за време на пандемијата. Сè уште не се објавени детали во врска со бројот на први породувања.

– Би било од клучно значење да најдеме информации за промената во бројот на деца за да можеме подобро да ги разбереме промените во наталитетот. Во Финска наталитетот беше намален особено затоа што луѓето одложуваа да имаат прво дете – вели Ана Роктирч, директорка и професорка по истражување на Институтот за истражување на населението.

Статистичките податоци од минатата година покажуваат дека возобновувањето на наталитетот првично се припишува на растот на семејствата со веќе најмалку едно дете.

Роткирч проценува дека е можно милениумците да се одлучиле за семејство среде пандемијата, што резултирало со зголемување на раѓање на први деца оваа година. Вонредните околности на многумина им го запреа секојдневниот живот. Работењето од дома, откажувањето од практикување хобија, како и тешкотиите поврзани со патувања им овозможија на луѓето повеќе време за размислување за иднината. Исто така, голема е веројатноста дека луѓето сакале деца како надеж за иднината откако се соочија со неочекуваниот социјален шок.

– Кога пандемијата дојде во Финска, реков дека тоа може да влијае врз вредностите на луѓето, а со тоа и врз нивната подготвеност да раѓаат деца порано. Нашите семејни барометри од година на година откриваат дека најголемите причини за одложување на раѓањето деца се други интересни работи во животот – вели Роткирч.

Други фактори што придонесуваат се финансиската состојба, социјалното здравје и благосостојба и довербата во општеството. Роткирч смета дека ова може да објасни зошто наталитетот не опаднал во Финска.

– Бројот на жени во работниот век падна во многу земји. Моето претчувство е дека ситуацијата не е толку лоша во Финска. И, се разбира, добивате детски додатоци и родителска поддршка кога сте невработени во Финска – вели таа.

Извор



912

X