Постојат одредени замки во кои родителите можат да паднат без да знаат колку потрошиле или колку трошоците ќе се исплатат на долг рок. Проверете ја листата и избегнувајте ги овие непотребни трошоци.
Одгледувањето и подигнувањето деца е многу скапа активност. Постојат голем број трошоци за кои човек не ни размислува пред да добие бебе. Храна, облека, обувки, градинка, школски оброци, активности, книги, излегувања… Нема крај.
Покрај сите овие трошоци, родителите можат да бидат во искушение да купат некоја „ситница“ или можеби малку поголемо нешто за своите деца, но на долг рок тоа е само губење пари.
Еве како родителите трошат пари на децата кога би можеле да заштедат повеќе пари.
Опрема за бебе – Ако веќе имате поголеми деца, сигурно чувате некои нивни работи. Наместо да купувате нова опрема – како количка или столче за хранење, за помалото дете користете сè што имате што е во добра состојба.

Брендирана облека – Наместо да купите нови чизми од познат бренд за вашата ќерка или син оваа година, подобро е да ги купите на распродажба, од минатата сезона.
Веројатно ќе најдете нешто исто толку слатко, а можеби и ќе имате среќа, па ќе наидете на нешто одлично по многу ниска цена. Истото важи и за брендираната спортска облека. Работата е во тоа што децата брзо ја кинат или надраснуваат таа облека, па затоа е пологично да инвестираат пари во нешто што ќе им треба и ќе им трае повеќе.
Маркетинг ориентирани производи за деца – Дали некогаш сте се запрашале како вашите деца можат да забележат фластери од „Војна на ѕвездите“, пена за капење од „Сунѓерот Боб“ или паста за заби „Снежно кралство“ на Елса на еден километар од влезот на продавницата?
Овие производи се поставени на ниво на нивните очи во продавниците. Зошто да плаќате плус пари за некој бренд ако дури и обичните ја вршат работата?
Велосипеди, ролери и слично – Кое дете не сака нов велосипед од Дедо Мраз? Но, вистината е дека исто толку брзо како што децата ја надраснуваат облеката, ги надраснуваат и велосипедите, ролерите и слично. Таквите работи не вреди да се купуваат нови. Наместо тоа, погледнете ги огласите бидејќи многу родители продаваат речиси нови велосипеди, ролери што им се смалиле на нивните деца или што ретко ги користат.

Електроника, апликации и видеоигри – Електрониката и технологијата се начин на живот за идните генерации и нема да исчезнат (дури и да сакате). Иако технологијата е брилијантна во некои аспекти, па дури и суштинска за учење за време на пандемија, треба да се купува внимателно.
Бесплатните апликации речиси секогаш имаат плус додатоци за кои се плаќа во апликацијата. Видеоигрите, исто така, може да бидат многу скапи, а вашето дете или ќе го сака следното најдобро нешто за една недела или ќе се измори да игра пред да трепнете. Решение: Ако вашето дете сака апликации и видеоигри, дозволете му да ги „заработи“ извршувајќи обврски низ дома.
Импулсивно купување – Дали некогаш сте отишле со детето во самопослуга и сте се запрашале како сте потрошиле толку пари на каса? Сите тие ситници што вашите деца ги зеле брзо се собираат и вкупната цена е многу повисока отколку што првично планиравте да потрошите. Најдобро е да одите во продавница сами и со список.
Домашни миленичиња – Семејното куче за кое првенствено се грижат родителите е една работа, но ‘рчко, риба, гуштер и сите други мали суштества што вашите деца одлучиле дека мора да ги имаат може да завршат како залудно трошење пари.
На ‘рчкото му треба кафез, храна, играчки и друго, но дали ќе живее доволно долго за да ужива? Дури и ако тоа се случи, вашите деца за неколку недели ќе изгубат интерес.
Роденденски забави – На вашето тригодишно дете не му треба екстравагантна прослава. Доволна е едноставна прослава, торта и мал подарок. Исто така, нема потреба да закажувате повеќе забави, на пример, една на училиште, една со секоја страна од семејството и забава само за другарчињата.

Одење по ресторани – Ручекот или вечерата со децата обично не се забавни. Децата ретко се однесуваат учтиво во рестораните, а кога се однесуваат убаво, брзо им здосадува. Плус, ќе потрошите многу пари на храна што едвај ќе ја допрат, а камоли да уживаат.
Јадењето надвор како семејство е убаво во теорија, но едноставно не е исплатливо. Останете дома, пригответе го она што знаете дека вашите деца ќе го јадат и оставете ги убавите ресторани за вечера кога ќе можете да излезете со партнерот или пријателите и навистина ќе уживате во храната и амбиентот.
Големи играчки во дворот – Дали вашите деца ве молат за трамбулина во дворот, детско игралиште со две лулашки и тобоган? Во некои случаи овие набавки имаат смисла, но треба да бидете сигурни дека тие навистина вредат за инвестицијата.
Екстравагантни свадби – Според глобалниот извештај за свадби од 2019 година, една венчавка во САД во просек чини над 29.000 долари. Таа бројка не ги покрива ниту трошоците за меден месец. Како што сите дознаа за време на пандемија кога свадбите беа ставени во мирување или спроведени во многу помал обем, свадбата може да се организира за значително помалку пари.