Дваесет и шест нови случаи бележиме денеска од Ковид-19. Нов град во кој се појави вирусот е Крива Паланка, каде е заразено едно лице. Добра вест е што се испишани девет пациенти и се упатени на домашен третман, рече министерот Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Денеска почина 79-годишен маж од Дебар. Вкупната бројка на заразени изнесува 285 лица.

Министерот објави дека во болницата во Охрид е поставен нов директор. Станува збор за хирургот Горан Балевски. Таму сѐ уште се анализираат сите информаци за третманот на пациентката од околината на Струга што почина.

Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Скопје се тестирани 46 вработени и 6 пациенти, а од нив позитивни се осум медицински лица и двајца пациенти. Институтот нема да работи во наредните денови, а пациентите ќе се препуштаат во болницата „8 Септември“.

Филипче објасни дека сите матични лекари ги имаат добиено податоците за нивните пациенти со коронавирус. Матичниот лекар има обврска да го контактира со пациентот 2 пати на ден. Со оглед на големиот број на граѓани кај кои е индицирано тестирање, од денеска работи уште еден пункт во Скопје – Чаир, а од среда и „Млин Балкан“, а истото почнува во текот на следните денови и во другите градови.
Заврши и анализа на приватните лаборатории, со нивното вклучување согласно договорите со Фондот за здравствено осигурување, капацитетот на изработка на тестови ќе се зголеми. Една приватна лабораторија ќе донира 5000 тестови, најави Филипче.

Тој најави дека во Клиниката за кожни болести од денеска се организира работата.

Од утре јавноста ќе биде известувана до 15 часот, а секако на прес-конференциите ќе продолжиме да информираме.

Дополнителна заменик-министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска исто така се обрати на прес-конференцијата. Таа истакна дека утре за едно лице (Ф.К) ќе биде покрената пријава до Основното јавно обвинителство за прекршување на кривичниот законик, дал лажен исказ, не нема остварено влез и излез од нашата земја и за време на епидемија, заразил повеќе лица со тоа придонел за заразување на повеќе лица.

 



912

X