Во време на мерките за заштита од коронавирусот, породилното отсуство за оние на кои им завршува периодов ќе биде продолжено, откако ќе биде направена законска измена, информираше министерот за здравство Венко Филипче. Тој посочи дека ова прашање се дискутирало утрово на работни состаноци со претставници на Фондот за здравствено осигурување, како и на состанокот на Централниот штаб во рамките на Владата.

– Во овој момент се изработува решението кое ќе бара законска измена се со цел породилното отсуство да се продолжи, затоа што мајките на кои им завршува во овој момент не може да ги запишат бебињата во градинките. Веднаш по изготвувањето на решението ќе го соопштиме на јавноста за да се знае како треба понатаму да се постапува – рече министерот за здравство на денешната прес-конференција.



912

X