Воспитување

Децата повеќе нема да гледаат реклами за оружје на „Фејсбук“

Децата повеќе нема да гледаат реклами поврзани со оружје откако „Фејсбук“ одлучи да ја промени својата политика.
Секој што го користеше „Фејсбук“ можеше да види реклами за футроли, светилки, појаси, сефови и многу други предмети поврзани со оружје.
„Фејсбук“ вели дека одлуката е донесена по редовното прегледување на нејзините политики.
Сепак, весникот „Техника“ вели дека овој потег е поврзан со зголемениот процент на употреба на насилство во САД, откако беа извршени серија училишни престрелки во последниве години.


„Фејсбук“ објави дека продажбата на оружје, муниција и експлозиви веќе е ограничена.
По неколкуте критики од страна на корисниците, компанијата објави нови планови за подобрување на нивната мрежа. Од 2 јули корисниците ќе бидат подетално информирани за продавање оружје и користење податоци од страна на адвертајзерот.

 

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top