Мајката и фотограф Ваида Меркевикут го создаде проектот „Да се стане мајка“, во кој ја покажа неверојатната промена на жените по породувањето.
Мајчинството прави огромни промени кај жените, и тоа не само физички, туку и емотивно.
Ваида на себе забележала трансформација откако го родила синот. Преку овој проект, во кој документирала 33 жени во моментите пред и по мајчинството, таа ја истражувала оваа идеја.
Се фокусирала на очите кои се показател на мислите и чувствата. За сè да биде точно, користела едноставна заднина и правела портрети како за пасош.
– Сакав да го потенцирам погледот на жената. Затоа го отстранив сето она што би можело да пречи – вели таа.
Резултатот се две фотографии, една покрај друга, а во споредбата е скриено мајчинството.
– Зад секој портрет се наоѓа приказна за една жена, нејзиното единствено патување, нејзината трансформација – вели таа.
Она што ја инспирирало да почне со проектот била токму промената за која другите зборувале, а која успеала да ја види со свои очи. Сето тоа само дополнително покажува колкава трансформација претставува мајчинството.
– Во суштина, забележав дека погледот ни се менува по секое посилно искуство во животот. Ми беше многу интересно да го истражувам мајчинството од овој агол – објаснува таа.
Таа поставила покана на нејзината фејсбук-страница, па набрзо се јавиле голем број жени што биле охрабрени од мажите, мајките, пријателите.
Првиот чекор бил сликањето на жената која првпат била трудна, а потоа уште еднаш – во текот на првите три месеци по породувањето.
– За време на фотографирањето им поставив на жените само едно прашање: Што за вас значи мајчинството? – рече таа. На првата сесија на фотографии мајките тоа го објаснувале теоретски, замислувале дека сè ќе биде базирано на она што го читале и слушале од другите мајки, во книгите, на интернет…
За време на другото фотографирање повеќето од нив не можеле да ја запрат спонтаната насмевка што се јавувала на нивните лица. Сите го кажале истото – мајчинството е целосно ново искуство какво што не можеле ни да замислат.
– Жените зборуваа за нови предизвици, но и за неверојатната внатрешна сила што ја откриле во себе. Без оглед на тоа колку невозможно нешто изгледа, тоа едноставно го правиш, а понекогаш не сте ни свесни за силата. Пособен акцент ставија на силата на интуицијата и неверојатната поврзаност со беебто. Се појавуваа многу емоции во текот на фотографирањето – вели Ваида.
– Цел тим, сите во студиото не можевме да престанеме да се чудиме колку сите тие изгледаа различно вториот пат. Стана нешто толку суптилно, а длабоко и толку видливо. Во секоја од нив гледам целосно различен поглед, енергија… зрелост – додаде таа.
View this post on Instagram