Секој ден се раѓаат над 350.000 бебиња. Со толку многу бремени жени, човек ќе претпостави дека сè што е поврзано со бременоста е добро познато. Но, тоа не е така. Во текот на бременоста женското тело е подложно на многу промени, а некои од нив се навистина изненадувачки.

1. Најдолгата позната бременост траела 1 година и 10 дена

25-годишна жена од Лос Анџелес родила бебе по 375 дена наместо нормалните 280.

2. Бремените жени и новите мајки може да произведат млеко автоматски кога ќе слушнат плач на бебе (дури и ако тоа не е нивно бебе).

Испуштањето на мајчиното млеко предизвикува ослободување на хормонот окситоцин, кој стимулира производство на млеко. Додека бебето цица, тоа е вообичаен активирач, но окситоцинот може да се ослободи и кога жената гледа фотографија од сопственото бебе, кога размислува за бебето или кога ќе слушне плач на бебе (дури и ако не е нејзиното).

3. Од големина на праска матката може да стане голема колку лубеница во текот на бременоста


Матката расте експоненцијално во текот на бременоста. Почнувајќи од големина на праска, таа расте до големина на папаја во текот на вториот триместар. Во текот на третиот триместар ќе порасне колку лубеница.

4. Во текот на бременоста стапалата на жената може да пораснат за еден број

Отекувањето е нормално за време на бременоста поради присуството на дополнителна крв и течности во телото. Во текот на бременоста телото произведува 50 отсто повеќе течност за да ги задоволи барањата на бебето. Отоците може да се појават на рацете, лицето, нозете, глуждовите и на стапалата.

5. На повеќето жени побрзо им расте косата во текот на бременоста

Промената на хормоните во текот на бременоста предизвикува побрз раст на косата и помалку опаѓање. Косата што расте може и да биде поцврста. Освен тоа, може да се појават влакна и на несакани места, како лицето, стомакот и околу брадавиците.

6. Може да се породи жена дури и ако нејзиниот мозок е прогласен за мртов.

Иако е ретко, може да се одржува телото на жената во живот за подоцна да се породи.

7. Жената може природно да роди бебе од 6 килограми

Породувањето е доста тежок процес, и токму затоа голем дел од бремените жени се одлучуваат за епидурална анестезија. Сепак, една мајка од Австралија сакала да има што е можно понормално искуство. Изненадувачки, родила бебе од 6 килограми сосема природно.

8. Во текот на бременоста крвта побрзо се згрутчува

За да се намали загубата на крв за време на породувањето, крвта се згрутчува побрзо отколку вообичаено.

9. Вие и вашето бебе може да сакате иста храна

Вкусот од храната што бремената жена ја јаде се пренесува во амнионската течност во матката. Ова може да влијае врз вкусовите на бебето кога ќе почне да јаде цврста храна.



912

X