Ако погледнете наназад, ќе сфатите дека овие цитати од Алберт Ајнштајн можеле многу порано да ве научат на најважните работи со кои сте се соочувале во животот.

Еднаш големиот поет Гете кажал дека големиот поет пред сè е голем, а потоа е поет.

Во светот на науката Алберт Ајнштајн бил тој што покажал дека величината на еден човек не мора да остане затворена во тешко разбирливите научни списи.
Тој умеел да ги сподели работите во кои верувал со другите на едноставен јазик – за да може да ги разбере дури и дете бидејќи како може да тврдите дека нешто знаете, ако тоа не можете да му го објасните на еден шестгодишник.

Ако погледнете наназад, ќе сфатите дека овие цитати од Алберт Ајнштајн можеле многу порано да ве научат на најважните работи со кои сте се соочувале во животот. Пренесете им ги на оние што допрва треба да го откриваат светот – на децата:

* Фантазијата е поважна од знаењето.
* Најубавото нешто што можеме да го доживееме е она таинственото. Тоа е темелното чувство што стои во зародишот на секоја уметност и наука…
* Разликата меѓу генијалноста и глупавоста е во тоа што генијалноста има свои граници.
* Национализмот е детска болест. Тој е сипаници на човештвото.
* Кога човек еден час ќе седи со убава девојка, тоа му се чини како една минута. Но нека седи една минута на врела печка – тоа е подолго од еден час. Тоа е релативноста.
* Не можеме да ги решаваме проблемите на ист начин на кој сме ги создале. Интелектуалците решаваат проблеми, гениите ги спречуваат.

 



912

X