Здравје

Европарламентарците ќе ја враќаат довербата во вакцините

Европарламентарците повикаа на дијалог за да се врати довербата во вакцините, но и на поголема транспарентност на нивното производство

Опаѓањето на јавната доверба во вакцините е голем предизвик кој веќе влијае врз здравјето, предупредија членовите на Европскиот парламент во резолуцијата што вчера ја усвоија на пленарната седница во Стразбур.

Зголемениот отпор кон вакцинацијата доведе до зачестена појава на мали сипаници-морбили, а поради тоа, зголемени се и смртните случаи во неколку европски земји.

Пратениците истакнаа дека во денешно време вакцините се подложени на ригорозни тестирања, со повеќе фази на испитувања.

Европарламентарците повикаа и на дијалог со граѓанското општество за да се потиснат нерелевантните, погрешни и научно неприфатени информации за вакцинацијата. Истовремено повикаа на поголема транспарентност на производството на вакцини и финансирањето на независните истражувања за можните несакани ефекти од вакцината, за да се придонесе за враќање на довербата во вакцинацијата.

Според објавените податоци, благодарение на вакцинацијата, на годишно ниво се спречуваат околу 2,5 милиона смртни случаи во светот, а се намалуваат и трошоците за лекување на одредени болести, вклучувајќи ги и третманите со антибиотици.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top