Самата идеја вашето дете да се досадува преку лето звучи застрашувачки. Во текот на летните денови децата немаат поим што да прават со себе, а родителите мислат дека не ги стимулираат доволно децата.

Нема ништо лошо ако го однесете детето во камп или на некои други места доколку можете да си го дозволите тоа. Тоа се одлични искуства за децата, а особено за оние што нема кој да ги чува преку лето.

Слободното време кај децата има неколку предности

Сепак, не е погрешно да им дозволите на вашите деца да немаат никакви дополнителни активности и да се досадуваат во текот на летото. Во текот на училишната година децата се презафатени со домашните задачи и вонучилишни активности, па речиси немаат простор за дишење, а камоли за досадување.

Слободните денови или недели за децата се од голема предност. Тие им помагаат да израснат во поцврсти самоодржливи луѓе. Затоа досадувањето кај децата во одреден период е всушност добра работа.

Научниците се согласуваат со ова тврдење

Научниците велат дека улогата на родителите е да ги подготват децата за нивното место во општеството. Да се биде возрасен, воедно значи и да се биде способен самостојно да се изнајдат разни активности и занимации за да се пополни слободното време. Доколку родителите постојано се обидуваат да им го пополнат слободното време на децата, тие никогаш нема да научат да го прават тоа сами.

Вештината да се „преживее“ во тивките и здодевни мигови треба да се научи што е можно поскоро, а летото е вистинска можност за тоа.

Нашите деца можеби немаат училишни обврски овие денови, но имаат многу што да научат. Постојаното изнаоѓање креативни и интересни решенија како да се справат со здодевноста е дефинитивно најдобрата животна лекција.



912

X