Игротека

Еве што ѝ ветувам на мојата сестра

1. Ти ветувам дека од мене секогаш ќе слушаш искрено мислење. И онака има премногу луѓе на светот што го кажуваат она што сакаш да го слушнеш, но од мене ќе ја слушнеш само вистината.

2. Ти ветувам дека секогаш ќе ти простувам што ми го „крадеш“ мојот омилен џемпер, и нормално, го враќаш извалкан со храна.

3. Ти ветувам дека секогаш ќе ти помагам да го исчистиш ѓубрето од твојот живот. Без разлика дали станува збор за иселување или продолжување понатаму, ќе бидам покрај тебе со гумени ракавици и вреќа за ѓубре, да го исчистиме непотребното.

4. Ти ветувам дека нема да престанам да ти ги „крадам“ ремените, шнолите, дуксерите и апостолките. Можеш да се обидуваш да ги скриеш колку сакаш и каде сакаш, но ќе ги најдам во секој случај.

5. Ветувам дека нема да игнорирам повеќе од еден повик од тебе. Не можам да ти ветам дека тоа никогаш нема да се случи, но биди реална: некогаш ме нервираш. Па така, еден повик максимум е многу реално.

6. Ветувам дека секогаш ќе ти земам храна од твојата чинија, и ќе се обидам да се воздржам да не ти ја забодам мојата виљушка во твојата рака кога ќе посегнеш по мојата храна.

7. Ветувам дека секогаш ќе ти нудам шолја чај кога ќе се чувствуваш нерасположено. И двете знаеме дека помага при повредено срце или главоболка.

8. Ти ветувам дека искрено ќе ти кажам кога некоја облека нема да ти стои добро, не нема да бидам претерано критична. Но ќе ти кажам и кога нешто изгледа совршено на тебе.

9. Ветувам дека нема никогаш НАМЕРНО да ги потурам со вода твојот мобилен телефон или пеглата за коса.

10. Ветувам дека ќе те прегрнувам тогаш кога најмногу ти треба, иако многу пати се имаш обидено да ме скокоткаш и покрај тоа што не го сакам тоа.

11. Ти ветувам дека ќе ти ги лакирам ноктите секогаш кога ќе го посакаш тоа.

12. Ти ветувам дека ќе те дружам на семејните забави, каде што ќе ја дискутираме нашата неможност да се вклопиме со возрасните. Ниту пак со децата.

13. Ветувам дека ќе продолжам да ти оставам пораки на различни места за да те поздравам: во твојата тетратка, во твојот учебник…

14. Ти ветувам дека ќе те сакам повеќе од кој и да е клише-цитат за сестри, филмски реченици или текст од песна, и секогаш ќе бидам твојот најдобар пријател.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top