Да признаеме, несреќи се случуваат. Колку и да се трудите да ги спречите, понекогаш тоа е невозможно. Мајката Клер Џејмс неодамна го доживеала она од кое се плаши секој родител: нејзиниот син посегнал по жешка шолја чај и се потурил со него. Момчето се добило со изгореници, а таа од ова непријатно искуство извлекла неколку поуки што сака да ги сподели во јавноста.

Како што открива на нејзиниот фејсбук-профил, ваквите несреќи често се случуваат, но родителите ретко знаат што треба да направат.

Препораки:

1. Ако можете, веднаш соблечете му ја облеката на детето за изгорениците да престанат да се шират.

2. Ставете го детето што побрзо под студена вода, 20 до 30 минути. Не користете многу студена вода бидејќи може да предизвика шок. Ова е и можност да го соблечете детето ако не сте го направиле тоа претходно.

3. По 20 до 30 минути, преку изгорениците ставете пластична фолија за завршетоците на нервите да бидат помалку болни при контакт со кислородот.

4. Продолжете да ја ладите изгореницата со крпа со ладна вода преку фолијата, но остатокот од телото загрејте го со ќебе или што било што ќе најдете.

Исто така, Џејмс вели што побрзо да побарате итна медицинска помош бидејќи нејзините совети се само она што треба да го направите додека не дојде здравствен работник.

Извор



912

X