Децата од побогатите семејства обично стануваат поуспешни во животот од децата што доаѓаат од посиромашните, тврдат научниците.
Долго време експертите верувале дека станува збор за голем фонд на зборови на кои децата биле изложени со диктираните јазични вештини, а подоцна и академските достигнувања.
Според големо истражување, видот на јазикот на кој детето е изложено во текот на првите неколку години од животот, кога се развиваат когнитивните функции, влијае врз зборовите што ги учи. Научниците дознале дека разговорите што родителите ги водат со децата може да се поделат според социо-економски групи.
Да се биде успешен не значи да се имаат сите петки, туку да се биде одговорен и самостоен
Истражувањето од Институтот за технологија во Масачусетс од 2017 година покажало дека родителите што помалку заработуваат помалку разговараат со децата во споредба со оние со поголеми приходи.
Така тие можат да го забават нивниот јазичен развој. Врз основа на своите откритија, научниците ја истакнале важноста на разговорот со децата, без оглед на социо-економскиот статус.
Тие велат дека овие интерактивни разговори ќе направат повеќе за јазичните вештини на децата и евентуално нивниот подоцнежен успех во училиштето.
Други научници откриле повеќе начини на кои зачестеноста и контекстот на интеракции на родителите со децата влијаат врз нивниот когнитивен и јазичен развој.
Кетлин Куркул, професорка за развој на децата на колеџот „Меримак“, истражувајќи ја оваа тема на постдипломски студии во Бостон, направила анализа на тема како родителите од различни социо-економски групи одговарале на прашањата на своите претшколци и како тие објаснувања можат да влијаат врз способноста на нивните деца за учење.
Зошто механичкиот јазик води до деца со високи постигнувања
Во најновото истражување научниците замолиле три петгодишници од домови со ниска и средна социо-економска состојба да играат заедно со своите родители. Целта била да се насочат на поттикнување љубопитност и негување на вештини за решавање на проблемот – со спојување на сите делчиња ќе се запали светилката.
Децата би требало да бидат среќни, а не најдобри по секоја цена
Децата имале многу прашања за родителите за овој необичен нов предмет.
– Ги оценивме одговорите на родителите на прашања како: „Како функционира прекинувачот?“ што 3-годишното дете би можело да го постави – вели Куркул.
Што се однесува до видот на прашања што децата ги поставиле, немало многу разлики помеѓу двете социо-економски групи.
– Беа слични: барање информации и причинско-последични прашања. Разликите се сведоа на тоа како реагираат родителите – вели Куркул.
Имено, побогатите родители го користеа она што истражувачите го нарекуваат механички јазик, додека родителите од сиромашните домови не го користеле. Механичкиот јазик нуди детали и објаснувања и му помага на детето да стекне разбирање.