Мајка- тигар. Хеликоптер-родител. Дали овие стилови ве потсетуваат на некој што го знаете… или можеби на себеси? Повеќето веруваат дека родителите што поставуваат високи училишни очекувања имаат деца кои генерално се подобри на училиште од оние чии родители се поопуштени. Во студија објавена од Американската психолошка асоцијација, едно истражување покажува и позитивни и негативни резултати за високите родителски очекувања за училишните успеси на своите деца. Водечкиот автор на студијата, Коу Мурајама, вели дека иако родителскиот стремеж може да ги подобри училишните успеси на децата, претераниот родителски стремеж може да биде отровен“. Да, отровен.

Ако родителите постават неразумни очекувања од децата од нивна мала возраст, се создава образец на неуспеси и разочарување во умот на детето, па тоа може да предизвика негативна слика за себе кај него. Како да дознаете дали несвесно ја саботирате едукацијата на детето. Ова се неколку вообичаени начини на кои родителите ги намалуваат способностите на децата за постигнување добри резултати на училиште:

Поставуваат високи цели

Не е реално од секое дете да се очекуваат големи резултати. Работете на тоа да бидете реални и да се фокусирате на тоа детето да се развива и расте. Бидете вклучени во неговите активности и помогнете му да ги максимира своите успеси на училиште со напорна работа.

Не сте јасни за своите очекувања

Ако децата не се информирани што се очекува од нив, како ќе знаат? Поентата е дека секогаш е потребна комуникација. Дискутирајте (не држете предавање) за тоа што очекувате од нив сега и во иднина, и тие ќе имаат мотивација да работат за тоа да се оствари.

Мислите дека децата ги сакаат истите работи како вас

Многу родители ги проектираат сопствените желби врз децата. Или сакаат да бидат како нив или сакаат да го сторат тоа што тие самите не можеле. Детето може да се интересира за сосема различни нешта. Бидете добар пример за детето и вие сакајте го тоа што го работите, а децата се природно љубопитни, па оставете ги да истражуваат и да се откриваат себеси. Не вршете им притисок да прават нешто што не го сакаат и не ги исполнува.

Оставате оценките да го дефинираат успехот

Субјективните стремежи се очекувања врз кои ученикот нема контрола. Во совршен свет, децата постојано би добивале само петки. Но, можеби детето има проблем со некој сериозно строг наставник или некаков друг проблем. Како родители, никогаш не треба да поставуваме субјективни очекувања за нашите деца. Вашите очекувања треба да имаат доза на флексибилност за да се земат предвид и факторите што не се под контрола на самите деца.

Автор: Марк Пападас

Извор



912

X