Игротека

Еве како изгледа рендген-снимка од раката на бебе

– Една од моите омилени работи во врска со педијатријата е гледањето слики. Дали некогаш сте виделе рендген на рака на бебе? – пишува на твитер-профилот „fluoroquinoloner“, а во продолжение е прикажана рендген-снимката на бебенце.

Интернет-корисниците беа воодушевени од фотографијата, а голем дел на социјалната мрежа „Редит“ почнаа да даваат објаснувања за коските и ‘рскавиците на малите бебиња.

– Карпалите, како и епифизите на метакарпалите и фалангите не почнуваат да се формираат во коска до неколку месеци од животот, а епиписите може да не завршат со спојување до 18-годишна возраст.

Докторите користат радиографија на рацете како оваа фотографија за да се одреди „коскената возраст“ на пациентот, што е особено корисно кај пациенти со метаболички и ендокрини нарушувања. Веројатно рендген-снимката му припаѓа на бебе од околу 3 месеци – пишува еден редит-корисник.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top