Општо земено, децата имаат многу енергија. Ако не трчаат или не се качуваат на нешто, тие поставуваат прашања или сакаат да се забавуваат, па сето ова може да биде тешко да се следи ако некогаш сакате да правите и други работи. Но, постојат и хиперактивни деца кои носат со себе сосема поинакво ниво на „енергија“.

Иако причините за хиперактивност се различни, нивните ефекти врз родителите не се толку различни. Одржувањето чекор со хиперактивно дете, што вклучува спречување да проба какви било акробации, може да биде исцрпувачко.

Ако хиперактивните деца имаат доволно активност во текот на денот, тие ќе бидат среќни. А кога тоа нема да се случи, тие ќе бидат немирни и нерасположени. Затоа е важно да им се обезбеди доволно активност за да ја потрошат целата своја енергија, иако честопати ја трошат и енергијата на нивните родители.

Што предизвикува хиперактивност кај некои деца?

Важно е да им овозможите на хиперактивните деца соодветни „издувни вентили“ за вишокот енергија – но кои се најдобрите начини и како да им овозможите да го направат тоа без да се исцрпите себеси?

Според веб-страницата „Your kid’s table“, чиј сопственик е Алиша Гроган, детски професионален терапевт и мајка на три деца, помагањето на хиперактивните деца во трошењето енергија бара малку поинаква стратегија отколку кај нехиперактивните деца.

Според Гроган, хиперактивноста често се поврзува со сензорни проблеми, поради што постојано бараат нови сензации. За да му помогнете на вашето хиперактивно дете, не е доволно само да го натерате да трча наоколу додека не се исцрпи; туку треба да има стратегија кога станува збор за неговите активности и таа стратегија да му го даде она што му е потребно.

Гроган советува да смислите активности што исполнуваат еден од трите критериуми наведени подолу и да ја промените стратегијата според потребите на детето.

Понудете им активности со ритам и структура

Хиперактивните деца имаат многу енергија, но тоа не значи дека не сакаат структура, без разлика дали се свесни за тоа или не. Скокањето нагоре-надолу е одлично за трошење на енергијата; но скокањето нагоре-надолу во ритамот на нивната омилена песна е уште подобро. Значи, ако вашето дете сака да скока, вклучете ја неговата омилена музика и веднаш ќе видите како функционира.

Други можности се спортување, пешачење, качување на карпа и поставување патека со пречки. Движењата помагаат при трошење енергија, додека структурата им помага да бидат малку поконцентрирани.

Дајте му слободно активно време

Структурната игра е важна, но понекогаш треба да му дозволите на детето малку да дивее, да го извади целиот тој немир од своето тело. Ова може да има форма на неструктурирано време за играње во парк или на игралиште, натпревари во борење со тато, скокање по креветот или што било друго што може да му помогне да се ослободи од вишокот енергија.

Понудете релаксирачка средина при транзицијата од активен во тивок период

Повеќето деца имаат проблем со транзициите, односно преминот од активно во тивко време. Но, хиперактивните деца имаат малку поголем проблем со ова од другите деца, затоа е многу важно да им се овозможи непречен премин од активно во тивко време или време за одмор.

Ако имате хиперактивно дете кое покажува знаци на замор, но едноставно не можете да го смирите, добра стратегија е да се преместите во релаксирачка средина. Затемнете ги светлата, нишајте го напред-назад или пуштете смирувачка музика. Можете исто така да му помогнете со заедничко чистење и организирање на неговата соба.

Извор



912

X