Ако и вашето дете на прашањето како си помина во градинка одговори со „добро “ и ни еден збор повеќе, еве што можете да  направите:

Ако имате дете на предучилишна возраст, може да ви е позната ситуацијата: одите во градинката, детето ви трча во прегратка, вие го гушкате и го бакнувате, и на прашањето како беше денес во градинка добивате одговор „убаво“. Вие го прашувате што правеле во градинка, а ви одговара со „ништо“, и така секој ден.
Ако сакате вашите деца да ви раскажат како го поминале денот, најдобро е заедно да разговарате надвор, на пример, во паркот. Малите деца повеќе зборуваат кога се надвор.

Британските научници ги снимале разговорите на деца од три и четиригодишна возраст кога биле во паркот и во образовниот центар кој бил дел од градскиот парк и се покажало дека децата подобро се изразуваат и побрзо зборуваат и раскажуваат кога се надвор, во природа.
Психолозите не се сигурни зошто се случува тоа, но веруваат дека родителите и децата се порелаксирани додека се надвор, односно во природа, и затоа полесно разговараат меѓу себе.
Кога сме во природа, полесно ни е да се фокусираме еден на друг без попречување од компјутерот, таблетот или телевизорот, пренесува „Дејли мејл“.

 



912

X