Ева Мендез не сака да му се врати на актерството, барем уште некое време, бидејќи не може да си замисли ниту за момент да се одвои од своите деца. Иако веќе четири години е мајка, таа смета дека децата сè уште се мали за така лесно да им ги препушти на други луѓе. Нејзините размислувања воодушевија многу нејзини обожаватели, особено женската популација…
Убавата американска актерка и модел, 44-годишната Ева Мендез, веќе подолго време не ја гледаме на малите екрани, а се чини дека тоа нема да се промени извесно време. Имено, актерката целосно им е посветена на своите две девојчиња, двегодишната Амада и четиригодишната Есмералда, кои ги има во бракот со својот сопруг, актерот Рајан Гослинг.
Инаку, тие не сакаат да го изложуваат својот приватен живот во јавноста.

Ева и Рајан се венчале во 2011 година, па токму семејните обврски се главната причина што оваа актерка не ја гледавме на екраните минатиот период – ги одбивала сите понудени улоги за да му се посвети на семејството.
– Ако почнам да работам, тоа би значело дека треба да се одвојам од моите ќерки – изјави таа, но призна дека всушност е ужасно приврзана за нив и не сака да ги напушти.
– Можеби тие и не се толку малечки, но за мене сè уште се мали за да му ги оставам на друг подолго време, без оглед колку е тешко понекогаш да се издржи само во улогата на мајка – се отвори актерката признавајќи дека воспитувањето деца не е едноставна работа, па иако не е нова во „мајчинството“, сè уште се приспособува и учи нови работи.
За среќа, таа ја има поддршката од својот седум години помлад сопруг, кој ѝ помага во сè, токму како и нивните семејства, но и покрај целата помош, Мендез претпочита да биде со децата цело време.
Дури и кога не е со нив, како што нагласува, секогаш ги застапува и мисли на нив, па затоа и сите моментални цели се врзани околу нив, што особено беше поддржано од страна на „мајчинската“ популација:

– Јас сум нечија мајка и треба да постапувам во согласност со тоа. Признавам дека чувствувам силен притисок од јавноста откако станав мајка, но тоа е добар притисок кој позитивно влијаеше врз мојот живот – вели таа.
Затоа, уште извесно време таа сигурно нема да му се врати на актерството.



912

X