Раѓањето близнаци било голема промена за манекенката Ешли Греам и нејзиниот сопруг Џастин Ервин. Тоа подразбирало потреба од повеќе простор, преселувајќи го семејството од стан во Њујорк на имот од речиси два и пол хектари во Њу Џерси. Овој потег бил „здив на свеж воздух“, според Греам, на која ѝ било удобно да живее во стан со нејзиниот првороден син Исак.

– Но, тогаш, кога дознавме дека ќе имаме близнаци, реков: Во каков стан ќе живеам во Њујорк со три деца? Почнав да правам попис – секаде каде што одевме, без разлика дали тоа беше на Менхетен или Бруклин. Секогаш барав родители со три деца. Никогаш не можев да ги најдам“, вели Греам. Кога ќе ги најдев, ќе одев до нив и ќе им речев: Ќе родам близнаци, ќе имам три деца, како го правите тоа? Некои луѓе ми велеа: Ти само направи го тоа. А некои луѓе рекоа: Сѐ уште не сме сфатиле како да се справиме со сето тоа.

Тие не сакале да го напуштат Бруклин, но сметале дека тоа ќе биде најдобро за нивното петчлено семејство, особено затоа што нивниот дом во Њу Џерси има двор, за кој Греам знаела дека ќе биде добар за нејзините деца. Со сите придобивки од играта на отворено, вклучувајќи го и нејзиното влијание врз подобрувањето на расположението и среќата, тоа било полн погодок.

Голема радост било гледањето на Исак во интеракција со неговите мали браќа. „Тој е толку опседнат со нив“. Тоа е олеснување бидејќи Греам вели дека сите ја предупредувале оти Исак најверојатно ќе биде љубоморен на близнаците.

„Воопшто не сме го имале тоа“, вели таа. „Тој сака да оди во нивната соба и да ги буди и да биде со нас кога ги храниме. Тој едноставно станува дел од тоа, а потоа, ако е веќе голем за некои активности, тој е толку добар независен играч што само ќе оди и ќе си изгради кула од коцки или што и да е друго“.

Греам вели: „Голем подарок е што имам три деца, така што навистина се трудам да не бидам под стрес и навистина да го ценам секој ден и секој момент како што доаѓа и не се преоптоварувам. Мислам дека тоа прави да биде многу полесно родителството на повеќе деца“.

Што исто така било корисно? Создавање станици за играње за децата низ куќата. „Таков вид уредување ги одржува сите деца да бидат активни и стимулирани“, вели таа. Греам, исто така, добива помош од триковите за родителство што ги гледа на „Тик-ток“. Еден неодамнешен омилен нејзин трик е: кутија за риболов каде што ставате закуски во секој дел.

Како што полека се враќа на работа по нејзиното породилно отсуство со нови проекти на хоризонтот, Греам, исто така, прави напори да одвои малку време за самата себе. „Тоа е обично наутро, кога се будам пред децата за да се напијам кафе, да медитирам или да вежбам јога“.

Таа не заборава на својот сопруг. Кој е клучот? Закажување на тоа време поминато заедно однапред.

„Ако можеме да го закажеме нашиот состанок пред време, тогаш тоа всушност и може да се случи“, вели таа. „Спонтаноста навистина не постои кога имате три деца под 3 години, што се однесува до вечерите резервирани за состаноци со партнерот“.

Автор: Ана Халкидис

Извор



912

X