Подуеноста што се јавува со ендометриозата, попозната како „#endobelly“ – е еден од понепријатните симптоми на ендометриозата.

Долниот дел на стомакот може да отече, предизвикувајќи физичка и ментална болка, а надуеноста може да трае со денови, недели или да исчезне по само неколку часа.

Можеби мислите дека надуеноста е нормален дел од циклусот на секоја жена, но тоа не е нормална надуеност и ендометриозата не е нормален циклус.

– Генерално жените можат да почувствуваат надуеност ден или два пред нивниот циклус – вели гинекологот Карли Голдстајн, но додава дека надуеноста што се јавува со ендометриозата е подрастична и трае подолго.

Секоја петта жена на возраст под 40 години има ендометриоза

Ендометриозата е нарушување при кое мукозната мембрана на ендометриумот е надвор од вообичаеното место (матката) и ова ткиво се всадува во околните органи (најчесто јајчниците, јајцеводите, перитонеумот, но често во длабоки структури – уринарниот тракт, цревата, лигаментите кои ја држат состојбата на матката итн.), реагира хормонално на циклични промени во јајчниците и се шири и предизвикува многу проблеми, вклучувајќи опструкција на јајцеводите со последователна неплодност – објаснува гинекологот д-р Ерден Радончиќ.

Ендометриозата најчесто се јавува кај жени за време на репродуктивниот период, на возраст од 20 до 40 години, но може да се појави и кај жени во менопауза. Се проценува дека секоја петта жена на возраст под 40 години има ендометриоза и дека само 2 до 4 отсто од жените во менопауза го имаат ова нарушување.

Со оглед на тоа што ендометриозата е една од најпознатите „гуглани“ здравствени теми во текот на изминатата година, не е изненадување што сè повеќе жени споделуваат фотографии од нивниот надуен стомак на социјалните мрежи, честопати занемарен, но непријатен симптом на ендометриоза, попознат и како „ендо-стомак“.

Ендо-стомакот обично се влошува како што поминува денот.

– Најчесто пациентите се добри наутро, но стомакот им станува сè поголем, сè додека не можат да ги закопчаат панталоните навечер. До крајот на денот можете да изгледате како да сте во шестиот месец од бременоста – вели д-р Голдстајн, која има четврта фаза на ендометриоза.

Покрај физичката непријатност, ендо-стомакот создава и емоционални проблеми. За почетниците, имајќи предвид дека неплодноста кај 20-50 отсто од жените се должи на ендометриоза – да изгледате како да сте во втор триместар од бременоста може да биде многу суров несакан ефект.

Може ли да се повлече ендометриоза?

Покрај тоа, може да дојде до последици врз сликата за телото. На жените со ендометриоза им е кажано да се хрант здраво, да вежбаат често и да одржуваат идеална телесна тежина за да помогнат во симптомите, па кога ќе се појави ендо-стомакот, може да се појават чувства на фрустрација, деморализација и вознемиреност.

Зошто се појавува надуен стомак?

– Не ја знаеме точната причина зошто се случува ова. Направени се повеќе истражувања, но нема доволно добри докази. Иако навистина може да видиме дека нешто се случува, ако направиме СТ-скенирање, нема да има опиплива причина зошто се случува. Ендо-стомакот е толку фрустрирачки за пациентите – вели д-р Голдстајн.

Ендометриозата е сложена состојба и ги погодува жените на различни начини, но постојат две теории кога станува збор за причината за надуеност кај ендометриозата. Првата теорија е дека ендо-абдоменот го следи менструалниот циклус, а втората е дека пациентите со ендометриоза можат да бидат почувствителни на начинот на кој нивните црева ги обработуваат работите.

– Eндо-стомакот може да биде несакан ефект на црева што работат многу напорно – вели д-р Голдстајн.

Ова е една од причините зошто на жените со ендометриоза им се препорачува антиинфламаторна диета, но д-р Голдстајн нагласува дека секоја жена мора сама да види која храна е најдобра за неа и на што ќе реагира.

Фитнес-тренерот Сара Деванс открила дека млечните производи ѝ предизвикуваат реакција, па целосно ги исфрлила од исхраната. Како што изјави за магазинот „Здравје“, таа се обидува да јаде што е можно поздраво, но откако неколку пати консумирала млеко, се разбудила изгледајќи вака:

Како да се ослободите од ендо-стомакот?

Бидејќи не постои официјален став за тоа што предизвикува надуеност кај ендометриозата, нема ниту официјален лек. Сепак, постојат некои работи што можат да помогнат во смирување на симптомите. Д-р Голдстајн советува прегледи од специјалисти за ендометриоза, советување од нутриционисти и антиинфламаторна диета.

Извор



912

X