По објавувањето на среќните вести, познатата актерка ја отвори душата и искрено раскажа за својата борба, за да им даде поддршка и разбирање на сите жени што поминуваат низ тежок и болен период.

Ен Хатавеј очекува второ дете, па решила да го открие својот пат до бременоста, кој не бил ни малку едноставен.

 

„Ми се чини дека имаме едностран поглед на забременувањето“, им рекла Ен на новинарите. „Да останеш бремена во повеќето случаи е многу радосен период. Сепак, за оние што се борат да останат бремени, тоа и не е баш вистинската приказна… или е само еден дел од сето тоа. Покрај тоа, сите чекори што водат до убавиот дел од приказната се многу болни, изолирани и преполни со сомнежи во себе. Јас поминав низ сето тоа“.

Актерката алудираше на ова и кога преку фотографија ја објави својата бременост на „Инстаграм“.
„За сите оние што се борат со неплодноста и пеколот на зачнувањето, ве молам, верувајте дека ниедна бременост не ми помина лесно. Ви испраќам многу љубов“.

Ен зборува за својот пат бидејќи е свесна колку осамено може да се чувствуваш кога се бориш со неплодноста, а ги слушаш другите како шират убави вести за бременост.

„Бев свесна за фактот дека мојата објава ќе направи некој да се чувствува осамен, па сакам да видат сестра во мене“.

фото извор: Profimedia

Нејзината порака допрела до други жени што имаат слични проблеми. Многу луѓе на „Инстаграм“ ѝ се заблагодариле што отворено зборува за тоа.

„Само што поминав низ трет неуспешен третман на вештачко оплодување и се чувствувам како да сум на ролеркостер од емоции“, напишала жена во коментар. „Сепак, кога ќе видам дека и познатите луѓе отворено зборуваат за тоа, како ти, ми помага да се чувствувам помалку осамено“.
„Зачнав со второто бебе по две години. Ти благодарам што јавно зборуваш за своите борби“, додала уште една жена.

Ова ќе ѝ биде второ дете на познатата актерка и нејзиниот сопруг Адам Шулман, со кого го има тригодишниот син Џонатан.



912

X