Во моите 40 години на земјата имало неколку пати што се издвојуваат како моменти на чиста радост. А моментот кога видов две рамни линии на стапче, кои покажуваа дека сум бремена, беше еден од нив. Исто толку вреден за помнење, си помислив, беше и тој еден момент кога сфатив дека тие две рамни линии што ми дадоа надеж и возбуда на кратко, всушност, беа лажно позитивни.

Се сеќавам дека бев премногу вознемирена од вестите дека тестот не бил прецизен. Немаше бебе што расте во мојата утроба и тоа ме убиваше. Посакував позитивниот резултат да биде реален и првпат во мојот возрасен живот знаев со сигурност дека не само што бев спремна за мајчинство, туку навистина и го посакував.

Но, пред да одам по тој страшен пат на емоционален пресврт бидејќи тестот ми даде погрешни резултати, сакав да знам што се случило и како да извршам превенција за таков вид разочарување да не се повтори.

Зборував со мојот лекар и научив дека лажно позитивните тестови се чести и за тоа има многу причини. Кога го дознав ова, веќе подобро можев да го сфатам сопственото тело и повеќе да им верувам на тестовите во иднина. Лажно позитивните резултати за бременост не се ретки и може да се разочарувачки за жените што се обидуваат да забременат – а и за оние како мене, кои се воодушевени од резултатите за потоа да дознаат дека не се вистинити. Причините за лажните резултати се многубројни, а не се работи секогаш за тоа дека тестот има маани. На пример, ако жена овулира подоцна од вообичаено и прескокне еден менструален циклус, тогаш можеби кај неа се зголемиле нивоата на хормонот за бременост HCG, што може да доведе до лажен позитивен тест. Други причини вклучуваат употреба на лекови за неплодност кои содржат активни состојки од хормонот. Некои медицински состојби, како одреден вид на канцер, цисти во јајчници, инфекции во уринарниот тракт и нарушувања во бубрежните функции, како и менопауза или претменопауза, абортус (и спонтан), па и проблеми со хипофизата, може да влијаат врз нивото на хормонот HCG, што ќе доведе до лажен позитивен тест за бременост.

Поради човечка грешка и познати медицински причини за лажно позитивни резултати, мудро е да се направи тест за бременост кај лекар за да се исклучат некои проблеми што не се поврзани со бременоста. Но, целата подготовка, мерки и калкулации на светот не можат да ја подготват жената за ужасното чувство кога мисли дека очекува дете, а потоа надежта ѝ уништена бидејќи тестот не дал точен резултат. Можам од искуство да кажам дека тоа е болно и разочарувачки.

За да се намали ефектот од лошите вести додека се обидувате да забремените, важно е да знаете дека лажниот позитивен тест не е индикатор дека нешто не е во ред или дека не можете да останете бремени. Разговорот со партнерот, пријатели од доверба и вашиот лекар може да ви помогне да ги сфатите и научите деталите за зачнувањето, но и да ви помогне да се справите со емоционалниот дел од целиот процес.

Автор: Сара Котрел

Извор



912

X