Во вирално видео со повеќе од 20 милиони прегледи, наставник во Мексико успеал да го фати прекрасниот момент опишан како „чиста емпатија“ кога едно младо дете со Даунов синдром го теши својот вознемирен соученик кој има аутизам.

На видеото подолу можете да видите како едно од момчињата е вознемирено, додека другото се обидува да го утеши гушкајќи го.

– Ова дете нè потсетува дека љубовта е инстинкт и дека љубовта е вродена, а омразата се учи. Недостигот на љубов и емпатија е коренот на нашите проблеми. Потребни се љубов и емпатија во овој свет – пишува еден твитер-корисник.

 



912

X