Кристен Велкер, дописничка за „Ен-би-си њуз“, неодамна објави дека таа и нејзиниот сопруг конечно ќе станат родители. По долги години борба со неплодноста, со помош на сурогат-мајка, таа ќе го оствари својот сон да стане мајка.

Велкер сподели фотографија од нејзината рака и стомакот на сурогат-мајката.

– По години тешка борба со неплодноста, мојот сопруг и јас сме неизмерно воодушевени што можеме да споделиме дека со помош на сурогат-мајка во јуни ќе добиеме ќерка и ќе станеме тричлено семејство – напиша таа под објавата.

Таа објави и емотивно писмо упатено до нивното неродено бебе. Во него искрено зборува за неплодноста и одлуката да станат родители со помош на сурогат-мајка.

– Дури и пред да се сретнеме со татко ти, и двајцата сонувавме да станеме родители. Кога се венчавме, едвај чекавме да ни се придружиш во семејството. Бидејќи не пристигна веднаш, се загриживме дека нешто не е во ред. Затоа, отидовме на лекар и побаравме помош. Таа беше толку паметна и ни објасни дека ќе ни треба дополнителна помош за да те доведеме на овој свет – пишува таа.

Во писмото пишува дека по три години неуспешни обиди за асистирана репродукција, лекарот им кажал дека Велкер не може да роди.

– Ни беше потребен специјален помошник кој ќе те носи во својот стомак. Таа личност се нарекува сурогат-мајка. Тој ден плачев толку многу што помислив дека никогаш нема да престанам да плачам. Се чувствував како да те изневерувам затоа што не можам да те носам во мојот стомак – пишува таа.

За сурогат-мајката напиша дека е хероина и млада мајка чија цел е да им помага на другите.

Есента 2020 година, Велкер и нејзиниот сопруг ја добиле најголемата вест.

– Татко ти и јас бевме на пат кон Њујорк каде што работев на голем проект. Застанавме кога дојде повикот и докторот ни рече дека наскоро пристигнуваш. Плачевме двајцата, но овој пат тоа беа солзи радосници. Во животот ќе има ситуации кои ќе ви го скршат срцето. Поради некои, никогаш нема да заздравите целосно, а други ќе ве зајакнат. Во ред е да побарате помош. Всушност, тоа може да биде искуство за зајакнување. Семејствата се создаваат на различни начини, тие доаѓаат во различни форми и големини и треба да се слават сите семејства – пишува таа.

На крајот, писмото го завршува со порака до нејзината неродена ќерка: – И на крајот, иако не те носев во моето тело, секогаш те носев во моето срце и секогаш ќе бидам твоја мајка.

Извор



912

X