Игротека

Писмо на еден татко до неговото бебе: Ќе те држам цврсто, но ќе ја држам мајка ти поцврсто

Писмо на еден татко до неговиот новороден син стана популарно на интернет и ги освои срцата на многу родители.

Вилијам Трајс Бетл и неговата сопруга Лорен неодамна станаа родители на прекрасно момче.

– Мојот живот има нова смисла. Секој ден, како што тој расте, расте и мојата љубов кон Лорен. Една од најголемите работи што можам да ги направам за него е да ја сакам неговата мајка со сè што имам – напиша Вилијам во неговото писмо.

Фото: Facebook

Девет месеци мајка ти беше сè што ти познаваше.

Емотивен цртан филм : Кога таткото се обидува да ѝ направи фризура на ќерката

Пред јас да те земам в раце, мајка ти те држеше и никогаш не те пушти.

Пред јас да го жртвувам моето време за тебе, мајка ти со задоволство го жртвуваше нејзиното тело.

Пред јас да те тешам кога беше вознемирен, мајка ти те тешеше само со чукањето на нејзиното срце.

Пред јас да те смирам кога беше вознемирен, мајка ти те смируваше само со нејзиниот глас.

Пред јас да можам да направам што било за тебе, мајка ти даде сè за тебе. Мајка ти е причината што те држам денес.

Дури и пред да станеш искра во моите очи, ти беше дел од срцето на мајка ти. Твојот живот, твојата безбедност и целото твое постоење зависеа од неа. Нешто за што јас никогаш нема да можам да се оддолжам.

Ќе ти биде потребно долго време за да ги разбереш тежината, длабочината и неизмерноста на љубовта што мајка ти ја има кон тебе. Но, еден ден, кога ќе имаш свои деца, ќе го видиш она што јас сега го гледам толку јасно. Затоа, ќе те држам цврсто. Но, ќе ја држам мајка ти поцврсто, бидејќи мојата љубов кон тебе расте како што подобро ја разбирам љубовта на една мајка.

Иако писмото е упатено до неговиот син, Вилијам признава дека го напишал за својата сопруга.

Фото: Facebook

– Таа се чувствува најсакано преку зборовите и затоа се обидувам не само да ѝ кажам лично, туку и да напишам работи што навистина ќе ѝ значат. Понекогаш сакам да ги споделам овие работи со другите – објаснува тој.

Ако сакате да дознаете како детето го доживува својот татко, погледнете како црта сонце

Одржувањето на бракот кога бебето ќе дојде во семејството бара многу време и енергија, иако родителите немаат баш многу време. Сепак, од витално значење е брачниот пар да остане пар, а се чини дека на Вилијам и Лорен одлично им оди тоа.

– И сопрузите и сопругите треба да запомнат дека нивните деца не би постоеле ако се немаат еден со друг – објаснува Вилијам.

– Тие треба да знаат дека детето е најубавиот можен резултат од нивната љубов. Затоа нивната љубов не треба да умре кога ќе се родат децата, туку треба да расте. Нивните деца се потсетник за љубовта еден кон друг – вели Вилијам.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top