Игротека

4-годишно момче им го преведува филмот на знаковен јазик на родителите

4-годишниот Габриел Тоселанд ја воодушеви јавноста откако неговата мајка на „Фејсбук“ објави видео на кое се гледа како тој им го преведува филмот.

Габриел уште од 4 месеци почнал да го учи знаковниот јазик заедно со своите родители Абигаил и Конор Бритон, а сега може да преведе цела серија на знаковен јазик за нив. На снимката објавена на профилот на Абигаил Бритон се гледа како малиот Габриел седи покрај новогодишната елка и почнува да го преведува филмот на знаковен јазик.

Одвреме-навреме фрла поглед кон екранот пред да направи знаковен симбол за подобро да ја илустрира содржината на телевизија. Абигаил изјави дека сè почнало одеднаш. Прво почнал да ги учи знаците за млеко, бања и пелени.

– Со текот на времето учеше сè повеќе и повеќе и тоа му стана природно – тврди мајката.

И двајцата родители користат знаковен јазик и сметале дека е важно да го научи и нивниот син. Мајката сакала и тој да научи за подобро да комуницираат без никакви фрустрации и препреки во комуникацијата.

А бидејќи е толку брз ученик, сега на родителите може да им каже кога некој е на врата. Неговата природа обезбедува сите да се вклучени, а моментално ја подучува на знаковен јазик и својата 19-месечна сестра.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top