Игротека

Емотивни пораки кои родителите на деца со аутизам сакаат да ги знаете

Постојат многу заблуди за аутизмот, особено кога станува збор за малите деца. Анонимни родители споделуваат работи што би сакале другите луѓе да ги разберат, а се поврзани со аутизмот и аутистичните деца.

– Мојата ќерка може да слушне и да види како се однесувате со неа. Невербалното однесување не ја намалува нејзината хуманост. Таа е човек со чувства и емоции како тебе и како мене – Викторија Р.

– Дури и децата што не зборуваат можат да слушнаат. Не зборувајте со мене преку моето дете како да не е присутно, особено ако „сочувствително“ ми кажете дека сум светица што се справувам со оваа ситуација секој ден. Јас не сум светица. Јас сум мајка. Јас сум родител. А моето дете те слуша и разбира дека зборуваш за него како да е товар – Кели Д.

– Едно лице со аутизам е само едно лице со аутизам. Аутизмот не е ист за секое лице со оваа дијагноза – Венди П.

– Секоја личност е различна. Ве молам, не потценувајте го моето дете поради нешто што сте слушнале или прочитале – Џени Ц.

– Постои широк спектар на различни луѓе кои само сакаат да бидат третирани љубезно, со почит и како во случајот со моето петгодишно девојче, со трпение. Ниту една казна или викање нема да ја научи да се однесува подобро – Алисија В.

– Кога ќе ви објаснам дека мојот син има аутизам, не гледајте ме како детето да ми е товар и како да ми е многу тешко. Моето дете е многу интелигентно, паметно и тивко. Има денови кога сè го предизвикува, но како и секогаш – успеваме да ги надминеме. Аутизмот не го прави неспособен за сè, но опкружувањето е неспособно да го разбере. Неговиот мозок функционира многу потешко и побрзо од просечниот мозок – Холи Л.

– Иако мојата ќерка не зборува, таа е најсочувствителната девојка што ја познавам. Ако луѓето ѝ дадат малку време – таа би комуницирала на начини што ќе ве воодушеват. Таа е неверојатно паметна, забавна и нежна – Боб Ц.

– Моето дете гледа на светот со секоја клетка од своето тело. Ги чувствува сите емоции одеднаш. Бидете трпеливи бидејќи неговото срце е толку искрено – Анабел Б.

Извор

Поврзани написи

To top