Зачнувањето бебе не е лесна задача. Надевајќи се дека ќе станете родители што е можно поскоро, можеби ќе станете опседнати со апликации и тестови кои ја следат овулацијата и ве советуваат кога е време за сексуален однос, но експертите велат дека нема потреба.

Според професорот Адам Бејлен, поранешен претседател на Британското здружение за плодност, за да зачнете, не ви се потребни никакви мерачи или апликации, единствениот рецепт што „работи“ е редовен секс, што значи минимум 3 пати неделно.

Адам Бејлен тврди дека статистиката покажува дека паровите што се фокусираат само на односот за време на овулацијата имаат секс поретко од оние што се опуштени во овој поглед, па автоматски имаат помали шанси за зачнување.

– Идеално, паровите треба да имаат секс секој втор ден за да имаат најдобри можни шанси да зачнат бебе. Кај мажите, кои немаат редовни сексуални односи, постарите сперматозоиди се акумулираат во телото и на тој начин ослободуваат соединенија кои можат да ги „убијат“ другите сперматозоиди, поспособни за оплодување. Секако, добро е жената да знае кога има овулација, но не е препорачливо, ако сакате бебе, само тогаш да имате секс. Исто така, важно е да се знае дека секој организам е различен и дека апликациите ја пресметуваат овулацијата според одреден алгоритам. Кај некои жени овулацијата се менува од месец во месец, па ако го следите алгоритамот, лесно може да ја пропуштите – вели докторот.

Извор



912

X