Колку е лошо ако родителите играат игри на мобилен наместо да гледаат како нивните деца градат кули од песок или наместо да ги охрабруваат додека се обидуваат да достигнат некој подвиг?
Најновото истражување покажува дека овој вид однесување му наштетува на односот меѓу родителите и децата и води до проблеми во однесувањето на детето.
Децата без поддршка или внимание од родителите растат во фрустрирани и хиперактивни личности, покажува истражувањето. Тие се жалат, плачат и имаат изливи на бес, предупредуваат научниците по спроведеното истражување кога го следеле однесувањето на 181 пар родители и нивните деца на возраст до 5 години.
Во текот на шестмесечниот период родителите известувале за нивната употреба на уредите и го опишувале однесувањето на децата.
Во речиси сите случаи времето поминато со уред, дури и ако било еднаш дневно, ја прекинувало квалитетната комуникација на родителот и детето. И мајките и татковците забележале дека овие прекини влијаеле врз однесувањето на детето и го зголемувало нивното ниво на стрес.
Ваквите ситуации претставуваат реалност на животот во 21 век. Родителите се навикнати да се насочат на електронските уреди за да направат пауза, па така, на пример, американскиот родител поминува најмалку 9 часа дневно гледајќи телевизија или сурфајќи на компјутер, таблет или паметен телефон.
Ако родителите се незадоволни со својата семејна ситуација или живот, тие уште повеќе се насочуваат кон дигиталната технологија. Некои родители ги користат уредите за да се оддалечат од децата, дури и ако тие молат за нивното внимание.
– Директниот контакт и комуникацијата со детето мора да бидат во центарот – се вели во истражувањето.