Леиди Клоц, професор по инженерство и архитектура на Универзитетот во Вирџинија и татко на две деца, заедно со Јаел Шонбрун, клинички психолог, доцент на Универзитетот „Браун“ и мајка на три деца, во последно време сè помалку внимание им посветуваат на своите деца. Како што велат, убедени се дека игнорирањето на децата е насочено кон нивната благосостојба.
– Се обидувам да ги игнорирам одреден дел од денот, секој ден. И кога се жалат дека им е досадно, им велам: „Одлично, што ќе смислите?“ – вели Шонбурн, чии деца имаат 5, 9 и 12 години.
Со повремено игнорирање на своите деца, Клоц и Шонбурн ја примениле лекцијата извлечена од истражувањето што Клоц, чии деца имаат 7 и 3 години, го спровел во последните неколку години: во човечката природа е да решава проблеми со додавање, дури и кога одземањето дало објективен подобар исход. Клоц и неговите колеги дошле до заклучок преку серија креативни експерименти.
Што значи собирањето и одземањето кога станува збор за пристап до децата?
Дури кога купил уред за нишање за своето новороденче, Клоц се соочил со тоа како тенденцијата за додавање влијае врз родителството.
Кога Шонбурн слушнала за купувањето, таа истакнала дека тој паднал во истата замка што ја истражувал: неговиот инстинктивен пристап за решавање на проблемите на расплаканото бебе и уморот бил да додаде уште еден детски уред, наместо да се фокусира на конзистентен распоред за спиење.

Фактот дека родителите често прават премногу работи на штета на независноста на нивните деца и помирен живот дома не е единствено сознание.
Постојат експерти кои се залагаат за „минималистичко родителство“ и им порачуваат на родителите дека на своите деца треба да им даваат помалку пофалби, помалку внимание, помалку активности и помалку играчки. Истражувањата постојано покажуваат корелација помеѓу преоптоварените родители и младите возрасни со проблеми, како што се преоптоварување на училиште, неспособност да ги регулираат своите емоции или имаат анксиозност и депресија.
Но, истражувањето на Клоц помага да се разберат причините зошто родителите често работат премногу, и од научна страна, и тоа го објаснуваат како природна тенденција, а не како родителски неуспех.
Затоа, тој и Шонбурн понудија неколку совети за да се спротивставиме на овој природен нагон.
Една теорија е дека тоа би донело еволутивна придобивка – повеќе храна, повеќе внимание, повеќе дружење, поголем фокус на децата би ги зголемил шансите за преживување на семејството. И како што се развивале цивилизациите, додавањето бил подобар начин.
– Кога немате пат, кога немате зграда, немате образовни можности за вашите деца, тогаш додавањето има смисла – вели Клоц.
– Еволуиравме во оваа култура каде што повеќе е подобро, повеќе родителство, повеќе култура, повеќе негување на интересите на вашите деца, повеќе активности, повеќе разновидност на храна, повеќе разговори со нив – вели Шонбурн. Додека фасцинацијата со додадени решенија е тенденција што луѓето генерално ја имаат, Клоц и Шонбрун се сомневаат дека родителите, кои често се под притисок и преоптоварени, може да станат плен на овој пристап.
Што треба да направат родителите за да го запрат овој модел на однесување?
Практикување свесност.
– Не можете да го промените однесувањето ако не знаете дека го правите тоа, бидејќи свесноста треба да биде на прво место пред лицето да дејствува – вели Шонбрун.
Потсетете се дека можете да одземете. Кога истражувачите им кажале на учесниците во експериментот дека може да додаваат или одземаат, овие учесници имале поголема веројатност да ги видат предностите на одземањето.
Размислете за основните вредности кога донесувате одлуки за тоа што да одземете.
Шонбрун вели дека прашањата што треба да си ги поставите треба да вклучуваат: – Што значи ова за мене? Што значи ова воопшто? Која е причината за мојата постапка? Ако вашата родителска активност не ги одразува вашите вредности и дополнително го прави вашиот живот постресен и побучен, можеби е време да се откажете од неа.
Овој пристап не значи дека никогаш не можете да додадете ништо.
– Мислам дека клучната работа е што сакаме луѓето да ги разгледаат двете опции во сите случаи – вели Клоц.
– Да можам навистина да размислувам дали треба да додадам или да одземам во однос на тоа како сакам да го градам мојот живот е навистина корисна работа за која активно и свесно размислувам – вели Шонбрун.