По повод Светскиот ден на планетата Земја, организацијата „Арт оф ливинг“ повикува на еконастан утре, со почеток во 5 до 12 часот, во градинарскиот центар „Фоја“.

– Ќе садиме семки од растенија, од афтохтон даб и гинко, и ќе се запознаеме подетално со процесот на создавање и развивање на дрвото од една семка. Воедно ќе се дружиме, ќе се забавуваме и ќе научиме нешто повеќе за природата. Овој едукативно-рекреативен настан „Да растеме заедно“ се организира 10. година по ред, годинава во организација на дечињата од групата при „Арт оф ливинг“.

Настанот ќе опфати повеќе активности и едукативен дел, каде што експертите и тимот од градинарскиот центар стручно ќе го објаснат процесот на создавање и развивање дрво од една семка. Децата ќе можат повеќе да се запознаат со природните процеси на растење и развивање на растенијата, како и нивното значење за човекот и Земјата. Ќе има и практичен дел, каде што децата ќе имаат можност да го практикуваат садењето на даб од семка и да ја видат целата постапка. И, секако, рекреативен дел, забава, игри и дружење.

Целта на овој настан е поттикнување на свеста кај децата и кај родителите за што повеќе дружење со природата, поттикнување љубов и грижа кон неа. Ова е особено важно во денешното време на модерни технологии, кога децата најголем дел од денот го поминуваат пред компјутери, телевизор, телефони…
Влезот е слободен и добредојдени се сите што избираат зелена иднина.
Градинарскиот центар „Фоја“ се наоѓа на ул. „Борис Трајковски“ веднаш до фабриката „Усје“ бр. 152 А, Скопје.



912

X