Воспитување

Мајката и таткото да се еднакво одговорни во грижата за детето

Егалитаризам или концепт на еднаквост е многу популарен кога е во прашање грижата за децата. Меѓутоа, со овој концепт на однесување на партнерите треба да се започне многу пред зачетокот на бебето. На пример, заедничко купување бурми за венчавката, повторно формулирање на некои традиционални делови од церемонијата на венчавање, па сè до заедничко донесување животни одлуки.

Кога се работи за бременост и рани фази на родителство, биологијата дејствува против нас. Обидувајте се колку сакате, сепак не постои начин еднакво да ја делиме радоста и борбата околу носењето, раѓањето и доењето на детето. Тоа се должности на мајката. Денес лесно се преземаат некои стереотипни карактеристики и одговорности од другиот пол во секојдневниот живот. Мажите сега сами готват и сами ја перат облеката, додека жените водат тимови на работа и ги плаќаат сопствените сметки. Но, почнувајќи полека со бракот и потоа со раѓањето деца, мажите и жените се враќаат на традиционалните родови улоги за да ги задоволат потребите на своите деца и домаќинствата.

Мажите може да станат поориентирани кон кариерата и фокусирани на заштита и обезбедување за семејството, додека жените поминуваат повеќе време дома и се грижат за децата. Докази од практика: мајките почесто од татковците го намалуваат работното време по раѓањето деца, а жените со деца заработуваат значително помалку од жените без деца. Мајките извршуваат многу повеќе домашни задачи и повеќе се грижат за децата во споредба со татковците. Еве неколку предлози што помагаат верно да ги живеете своите егалитарни вредности дури и по добивањето дете.

Егалитаризам во грижата за детето

1. И мајката и таткото би требало да го искористат родителското отсуство поради раѓање на детето – ако е можно

За жал, многу мал број мажи имаат можност да користат родителско отсуство. Многу е важно првите неколку дена, ако не и недели од животот на бебето родителите да бидат заедно дома. Тоа им помага да се поврзат со бебето, да воспостават партнерство и да постават темели на еднакви одговорности.

2. Мајките треба да ги избегнуваат речениците: „Пушти ме мене, сама ќе завршам“ или „Чекај да ти покажам како“

Жените мора да бидат внимателни за да ја избегнат оваа реченица. Таквото однесување вклучува уверување и однесување на мајката што всушност можат да ги спречат или ограничат татковците во однос на егалитарното родителство. Иако повеќето се согласуваат дека жените се природни негувателки и по својата природа повеќе негуваат, егалитаристите веруваат дека татковците можат да бидат еднакво способни во тоа. Наместо да го упатуваме сопругот како да го пресоблече, нахрани или држи детето – ајде да се тргнеме и да му дозволиме да креира свој начин за грижа за детето. И на мажите и на жените им е потребна оваа слобода за да сфатат што им одговара ним и на нивното бебе.

3. Изградете вистинско партнерство

Грижата за децата и водењето на домаќинството треба да бидат засновани на вистинско партнерство. Егалитаризмот може да биде особено тешко применлив во првите месеци на родителството. Без разлика колку е рамноправен вашиот маж, тој не може да го дои вашето бебе. Но, не заборавајте на сите други заеднички одговорности. Од уредување на домот и превоз на постарите деца до подготвување вечера и перење облека – ниту една задача не е работа само на мајката или на таткото. Во сето тоа сте заедно и така го водите својот дом. Ова е особено важно ако и двајцата родители планираат да одржат стабилна кариера. Секој пар треба меѓусебно да разговара и да се договори за начинот на кој сака да ги дели задачите.

4. Поделете го „менталното оптоварување“ на родителството

Ментално оптоварување, емоционална работа – невидлива работа – сите овие изрази ги опишуваат оние задачи што обично ги извршуваат жените. Овие задачи често не вклучуваат физичка, очигледна работа. Истражување на најдобрите производи за бебиња, планирање семејни собири, закажување прегледи кај лекар, помнење кога бебето треба да се храни, пресоблече… Да се биде главен извршен директор на проектот наречен „Нега на детето“ е навистина исцрпувачка задача за само една личност. Како новопечена мајка, често сте морале да научите на својот сопруг да му доделите одредени задачи и да му објасните како би можел да помогне и да учествува во ова ментално оптоварување. Мажите можат да отстранат огромен товар од своите жени ако се зајакнат на ова поле.

Егалитаризмот како императив

Кога се работи за бременоста и родителството, биологијата бара жените да преземат некои улоги што мажите не можат да ги преземат. Општеството често само ни го отежнува ова со своите стереотипни начела. Не смееме да дозволиме застарените очекувања од мајките и татковците да нè присилуваат на стереотипни родови улоги! Да се заложиме за прифаќање на активни и ангажирани татковци и мајки кои се рамноправни партнери во родителството. Да ги поддржиме сите жени и мажи што донесуваат заеднички одлуки кои се најдобри за нивните семејства.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top