Воспитување

Едукаторка од „Харвард“: Татковците што го прават ова ќе воспитаат самоуверени ќерки

Училишниот советник, едукатор и тренер за родителство Кимберли Волф, образована на „Харвард“, вели дека често се среќава со татковци кои се чувствуваат изгубено кога станува збор за воспитувањето на нивните ќерки. Многумина од нив се прашуваат дали треба само да седат настрана и да ѝ остават сѐ на партнерката.

Токму затоа Волф поминала голем дел од својата кариера помагајќи им на татковците да ги подобрат своите комуникациски вештини, да го зголемат нивното родителско влијание и да одгледуваат паметни, самоуверени и решителни ќерки.

„Авторитетното родителство, кое вклучува поддршка и усогласување со потребите на вашите деца, обезбедува силна основа за водење значајни разговори. Целта е да разговарате за важни теми со вашата ќерка, да ги слушнете нејзините мисли и да понудите насоки секогаш кога е можно“, тврди таа.

Истражувањата покажале дека дури и малите моменти на поврзување меѓу таткото и ќерката можат да бидат важни за односот на детето кон сопственото тело, романтичните врски, менталното здравје, односот со социјалните мрежи и нивните академски достигнувања.

„За позитивно да влијаете врз вашата ќерка, ќе бидат потребни безброј разговори. Не откажувајте се, дури и ако ви се чини дека не можете да го скршите мразот“, забележува Волф и наведува осум работи што ги советува татковците кои сакаат да воспитаат самоуверени и силни ќерки.

-Не плашете се од непријатни теми.
-Бидете физички присутни.
-Создајте моменти на поврзување.
-Искористете ги слободните моменти за да ја научите вашата ќерка, да ги споделите вашите вредности со неа или да побарате нејзино мислење за некоја тема.
-Повторете ги навиките што сакате да ги усвои.
-Оставете го вашиот мобилен телефон додека поминувате време со неа.
-Забележете ги малите нешта.
-Не чекајте викенд за да му се посветите на вашето дете.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top