Деновиве сите погледи се вперени во менталното здравје и на децата и на возрасните. Затоа, д-р Беки Кенеди, најпродавана авторка на бестселерот „Good Inside“, го споделува нејзиниот совет од 5 секунди, што родителите можат да го пробаат веднаш за да им помогнат на децата да се чувствуваат видени и потврдени.
„Знам дека звучи премногу добро за да биде вистина. Ова е нешто што ќе се исплати повеќекратно“, вели таа во воведот што го објавила.
Потоа објаснила дека родителите треба да му пријдат на своето дете и да кажат една едноставна реченица: „Може да биде многу тешко да се биде дете, нели?“
Таа истакнува дека на тој начин му давате до знаење на детето дека го гледате светот од негова перспектива. „Се поврзувате со реалноста која многу малку возрасни ја именуваат за децата. Како што се поврзувате, му помагате на вашето дете да се чувствува видено. И кога децата се чувствуваат видени, нивното однесување се подобрува“, забележува д-р Беки.
Во описот на снимката таа дала повеќе детали за влијанието на таквата реченица врз детето.
„Тоа е вин-вин ситуација бидејќи поттикнува добро однесување кај децата, ја зголемува веројатноста дека вашето дете ќе ве слуша и ќе соработува во предизвикувачки ситуации. Треба да се поврзете со вашето дете бидејќи тоа е сè што ви треба кога станува збор за долгорочно успешно родителство. Сите добри работи што ги сакаме за децата кога ќе пораснат – работи како сигурна приврзаност, издржливост и самодоверба – доаѓаат од годините кога децата се чувствуваа видени и разбрани од нивните родители“, заклучи таа.