Воспитување

Едноставни изјави што ќе те направат многу подобар родител

Зошто речиси сите родители велат дека си ги сакаат своите деца, но не сите деца се чувствуваат сакани? Зошто двојно повеќе брачни парови одлучуваат да се разведат?

Мажите, вклучително и јас, честопати се помалку свесни отколку што би требало за сериозните проблеми во личните и професионалните односи. Но, одлучив дека ако сакам да станам личност која успешно гради врски, морам да го променам начинот на кој комуницирам со луѓето во мојот живот.

Без разлика дали мислите дека сте добар лидер на семејството, бизнисот или тимот, единственото важно прашање е: Дали имате добар однос во очите на вашите партнери?

Со овие едноставни изјави не само што можете да одредите каде стоите со луѓето за кои се грижите, туку и можете да ги подобрите тие односи.

Покажувам љубезност и почит на начин на кој можеш да ги видиш и слушнеш

Поставувај прашања што ќе покажат интерес за тоа што му треба на твојот партнер или дете. На пример: „Како можам да те поддржам?“

Слушам кога зборуваш

Повеќето од нас мислат дека сме добри слушатели. Но, кога друг зборува, ние често напорно го проследуваме она што ќе го кажеме како одговор на она што е кажано, наместо да го слушнеме она што е кажано.

Свесен сум кога те повредувам и се извинувам кога ќе го направам тоа

Една пријателка еднаш ми рече дека имала врска со маж кој постојано велел извини.

– Тој го користи зборот извини како данок што му дава простор за недолично однесување, наместо парична казна што со себе би донела признание дека направил нешто погрешно – рече таа.

Вистинското извинување започнува со искрено признавање на направената штета. Тоа е почеток на процесот на помирување.

Можеби чувствувате дека сте имале добри причини за однесувањето што го повредило вашиот партнер. Ставете ја вашата врска пред вашите причини. Извинете се.

Покажувам интерес за твојата кариера и развој како личност

Решавањето проблеми е стандардниот режим за многу мажи. Па така, кога партнерот или детето почнуваат да зборуваат за тоа што се случува во нивниот живот или проблем со кој се соочуваат, мажите честопати почнуваат да бараат решенија, наместо да покажат интерес за тоа што партнерот или детето мисли.

Не претпоставувајте дека знаете што се случува во умот на партнерот или детето, не насочувајте го кон одредени патишта или решенија, туку покажете интерес за нивните мисли, идеи и решенија.

Демонстрирам како со почит да барам промени во однесувањето на другите, вклучувајќи ги и моите барања кон тебе

Критиката ги нарушува односите. Ако критиката е примарен начин на кој барате од луѓето да се променат, долгорочно ќе го посеете семето на обесхрабрување и фрустрацијата.

Со моите постапки и зборови ти овозможувам да се доизградиш наместо да те уништам

Зборовите што им ги кажувате на другите често произлегуваат од начинот на кој зборувате со себе. Дали вашиот говор кон себе е позитивен или негативен? Дали инспирира или опоменува?

Зборовите што ги користиме кога зборуваме со себе и со другите ја поставуваат сцената за акцијата што следува. Затоа, бидете внимателни кои зборови ги користите со вашите деца и партнерот.

Ефективно ги пренесувам моите емоции и потреби и создавам безбедно место за ти да ги пренесеш твоите

Постапките на луѓето, како и нивните зборови, се водени од желбата да ги исполнат нивните потреби. Почнете да ги слушате не само зборовите што ги кажувате вие и другите, туку и потребите скриени во тие зборови. Тоа ќе ви помогне подобро да комуницирате и ќе ви овозможи да им пристапите на чувствата на другите со поголемо разбирање и сочувство.

Соодветно го изразувам гневот

Лутината може да ја уништи врската, но може да послужи и како можност за создавање посилни врски.

Лутината е различна од другите емоции. Психолозите често го нарекуваат гневот како секундарна емоција бидејќи тоа е сигнал за една од примарните емоции: страв, срам, вина, повреда или тага. Наместо да изразувате лутина, ако можете да ги идентификувате и потоа да ги изразите емоциите под вашиот гнев, можете да изградите врски со вашиот партнер или дете, наместо да ги уништите.

Се опкружувам со луѓе кои ми го подобруваат животот

Без оглед на токсичните комуникациски навики кои се трудите да ги надминете, погрижете се да не го отежнувате тој процес со тоа што ќе им дозволите на луѓето кои сè уште се затворени во лоши комуникациски обрасци слободно да го контролираат вашиот или нивниот живот.

Можеби немате целосна контрола врз тоа со кого работите или се дружите, но можете да ја покажете вашата посветеност на подобри односи со тоа што нема да се колебате во сопствениот избор да продолжите со сочувствителна комуникација.

Оваа последна изјава е поинаква во зависност од тоа дали зборувате со партнерот или детето:

Сопружници: Со моите зборови и постапки покажувам љубов, љубезност и почит кон членовите на нашето семејство, дури и кога тие не се во близина.

Татковци: Со моите зборови и постапки покажувам љубов, љубезност и почит кон мајка ти, дури и кога таа не е во близина.

Мајки: Со моите зборови и постапки покажувам љубов, добрина и почит кон татко ти, дури и кога тој не е во близина.

Автор: Кристер Ундербок

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top