Децата ги гледаат своите родители како суперхерои и мислат дека знаат сè што треба да се знае за светот. Но, да се биде родител на дете кое постојано поставува прашања е како да живееш со постојана можност да се појави поп-квиз – никогаш не знаеш кога ќе те прашаат зошто сонцето сјае, дали постојат вонземјани или кога ќе сакаат да слушнат факти за универзумот.

Токму со ова се соочил еден корисник на „Редит“, замолувајќи ги останатите корисници да споделат интересни и едноставни факти што би го задоволиле неговиот 3-годишен син.

Од розови делфини до интересни факти како некој што икал цели 68 години, овие работи се интересни и забавни за секого. Ви ги издвојуваме најзабавните што можете да ги споделите со вашите деца.

– Гавраните можат да ја видат ултравиолетовата боја, нешто што ние не можеме. Нивните пердуви имаат прекрасни обрасци на нив, како пауните, но сите се ултравиолетови и иако нам ни изгледаат црни, тие ги гледаат шарени.

– Морските видри се држат за раце додека спијат за да не ги однесе водата и да ги раздели.

– Постои вид на тарантула што им дозволува на малечки жаби да живеат во нејзините дупки. Жабата јаде штетници што се премали за пајакот, а за возврат, пајакот ја чува жабата. Ова е слично на припитомувањето на мачките. Во основа, малечките жаби се домашни мачки на тарантулите.

– Повеќето слонови тежат помалку од јазикот на син кит.

– Машкото ему шета наоколу и собира јајца што ги положува женката, макотрпно носејќи ги до гнездото. Потоа седи врз нив додека не се изведат. Откако ќе се изведат, тој е единствениот што се грижи за нив. Мајката воопшто не е вклучена.

– Зборот „арктик“ не значи студено, туку доаѓа од грчкиот збор што означува „мечка“. Така што Арктик значи мечкино место, а Антарктик значи немечкино место.

– Чавките имаат способност за критичко размислување колку седумгодишно дете, што е далеку посупериорно од повеќето животни.

– Бебе-октопод е големо колку болва кога ќе се роди.

– Еднорогот е национално животно на Шкотска.

– Слоновите мислат дека луѓето се слатки исто како што луѓето мислат дека кученцата се слатки.

– Малечко дете може да плива низ вените на син кит.

– На Јупитер врнат дијаманти.

– Мачките можат да бидат алергични на луѓето.

– Враните и гавраните можат да научат да го имитираат човечкиот говор.

– Ако го избричиш тигарот, ќе видиш дека неговата кожа е иста како неговото крзно.

– Во реката Амазон постојат розеови делфини.

– Верверичките забораваат каде ги сокриле половината од оревите што ги собрале.

Извор



912

X