Породувањето за секоја жена претставува сериозна психо-физичка промена. Иако многубројните процеси во женското тело во текот на целиот живот се насочени токму на тоа еден ден да остварат потомство, бременоста и породувањето, а подоцна и доењето, влијаат врз големите внатрешни хормонски и емотивни, а и физички промени. Иако жените од овој процес излегуваат како победнички и носат на свет нов живот, последиците од тежината на бременоста и раѓањето често остануваат видливи на нашата кожа. Многу жени по породувањето тешко се враќаат во својата првобитна физичка форма и потребно е многу работа на повеќе фронтови за да се врати стариот изглед и старата самодоверба.

Пресечете ги лошите навики

Во текот на бременоста често се случуваат силни и неиздржливи пориви да јадеме некои конкретни намирници. Одредени трудници не додаваат многу килограми со зачестената консумација на  кисели краставички, но кај некои други тоа се случува поради консумација на слатки, грицки и други нездрави намирници. Многу трудници одлучуваат дека периодот на бременоста е време кога може да се опуштат и да се задоволат себеси, па стануваат помалку активни, јадат неспоредливо повеќе отколку вообичаено и тоа на долг рок се одразува и врз нивната линија и по бременоста. Поради тоа, важно е по породувањето да се пресече синџирот на лоши навики, за на телото да му дадеме вистинска шанса за заздравување и враќање во онаа состојба во која порано сме го знаеле и сакале. Лошите навики, освен што се на удар на нашата линија, често предизвикуваат каење и константна грижа на совест, па освен намалената самодоверба, ни носат и други негативни емоции кои ја блокираат нашата љубов кон себе.

Време е за тренинг

Тренингот по породувањето, со бебе кое не сака да се одвои од нас, честите промени на расположението и тело кое се одвикнало од вежбање, изгледа како невозможен идеал. Сепак, тренингот не мора задолжително да значи поминати часови надвор од дома, поминати во интензивни активности, како оние во фитнес-сала. По неколку недели од породувањето можете да почнете да работите на своето тело со благо вежбање во домашна атмосфера. За ова ви е потребен експерт, некое од видеата на „Јутјуб“ или корисен водич за вежбање кој ќе го насочи вашиот тренинг и половина час тишина и слобода кога ќе го заспиете вашето бебе.

Негувајте го своето лице

Тогаш кога сте ги прекинале лошите навики во исхраната и сте почнале да посветувате на своето тело барем половина час дневно, можете конечно да се позанимавате и со вашата кожа. Вашето тело ќе се менува паралелно со здравата исхрана и вежбите, а промените на кожата можете да ги спречите и со редовна нега и хидратација ќе можете да ја направите пофлексибилна. Редовното мачкање со кремови и серуми треба да биде императив во првите месеци по породувањето, а ако се земе предвид дека ова е многу деликатен период, важно е и состојките на козметичките производи да бидат природни и ефикасни. Интересно е дека лицето е едно од најзагрозените подрачја на кожата по породувањето, токму затоа што не можеме да го таргетираме со вежбање, па често останува вишокот под брадата. Со губењето на килограми може да дојде и до опуштена кожа во пределот на лицето. Затоа е најдобро решение да се посегне по многу ефикасни третмани, како што се ласери за затегнување на лицето. Со радиофреквентни бранови ја подигнуваат кожата, а придонесуваат и за намалување на видливоста на брчките.

Работете на самодовербата

И кога ќе ги преземеме сите потребни чекори за нашиот изглед да го доведеме во посакуваната насока, нема да успееме секогаш да владееме со измени што ќе ги донесе породувањето. Затоа е важно жената да се прифати себеси во новата верзија, која е побогата, и секојдневно да си повторува колку вреди. Како поттик на овој пат може да помогнат и афирмациите – кратки реченици кои се корисни за потсетување со цел подигнување на самодовербата. Освен тоа, приспособете ги својата облека и шминката на својата нова фигура и улогата што ја имате, така што ќе можете да бидете убави и кога сте поинакви од претходно. Доколку го дадете својот максимум во борбата за физички изглед каков што сакате, резултатите сигурно нема да изостанат. Од друга страна, важно е да се сфати дека секоја година, секоја голема случка и процес во вашиот живот, неповратно се менуваат и ве променуваат, особено ако доаѓаат со нешто убаво, како што е остварувањето во улогата на мајка. Тие промени се нешто што треба да го прифатиме и со што треба да се задоволиме.

Извор



912

X