Зад популарниот профил на Инстаграм „@common_wild“ стои Пола Кук, млада мајка и уметник. Нејзините илустрации со едноставни, но духовити пораки кои со години ги воодушевуваат мајките низ светот. Пола е мајка на две деца, а открива како започнала нејзината страст кон уметноста.

„Отсекогаш сум цртала, но дури по раѓањето на моето второ дете ѝ се навратив на таа страст. Не сакав притисок од клиентите, туку само да направам нешто лично. Ужасна сум кога станува збор за пишување важни датуми во бебешките дневници, па сè документирав со илустрации. Сакав некако да ги склопам смешните моменти и изјави на моите деца, нивните достигнувања, но и хаосот. Идејата ми беше да ги соберам сите илустрации и да ги воведам во една книга за потоа да им ја дадам на децата кога ќе пораснат“, вели таа.

Со своите илустрации Пола сака да ги зајакне другите жени и мајки и да им покаже дека не се сами во секојдневните, понекогаш тешки моменти.

„Сакам да ги насмеам жените кога плачат. Сакам да им помогнам да се ослободат од чувствата на вина и притисок на кои понекогаш се неправедно изложени. Сакам моментите на фрустрација или досада да не значат дека го сакате вашето дете помалку. Влегов и во мајчинството очекувајќи да бидам сто проценти задоволна, а потоа се случи постпородилна депресија. Сакам сето тоа да им го доближам на другите мајки. Родителството е физички многу понапорно отколку што можев да замислам“, заклучила таа.

Во продолжение ви ги пренесуваме илустрациите на Пола, кои сигурно ќе ве насмеат до солзи!

Автор: Ема Јуриќ

Извор



912

X