Анабел Фенвик Елиот со години избегнува месо и други производи од животинско потекло, а на истото го учи и својот едногодишен син Џаспер. Таа го ставила на строга диета базирана на растителна храна и смета дека омилената храна на децата, како сладолед и бонбони, не доаѓа предвид.

Имено, исхраната на нејзиното момче се состои од овесна каша, јогурт на база на кокос, различен зеленчук, наут, грав, мајчино млеко и додатоци во исхраната кои се безбедни за бебињата. Иако е свесна дека педијатрите нема да ја поддржат нејзината одлука, не ѝ е грижа.

„Веганската исхрана ми го промени животот и сакам да ги воспитувам и моите деца на тој начин. Мислам дека никогаш не се премногу млади за да бидат вегани, без разлика што кажува науката“, вели оваа мајка и признава дека околината често ја осудува за ваквиот начин на исхрана.

„Повеќето од луѓето околу мене не се согласуваат да му давам на Џаспер само веганска храна, но не ми е грижа. Верувам дека тоа е добра одлука, тој никогаш не бил болен и се развива исто како неговите врсници. Ќе биде веган додека не наполни доволно години за сам да одлучи што сака да јаде, а јас немам намера да го терам на ништо“, додала Анабел.

Извор



912

X