Кралскиот национален институт за слепи лица од Велика Британија одлучил да се избори за слабовидните и слепи жени, па во соработка со дизајнери осмислил прототип за тест за бременост за лица со оштетен вид. Со овој проблем се соочувала и мајката Даниел Клири. Слепилото значело дека секојпат кога прави тест за бременост, резултатите требало да ги чуе од некој друг, па тоа никогаш не можело да остане тајна.

– Многу е непријатно кога морате некому да му се претставите и да му објасните дека само што сте се измокриле и да прашате – може ли ова да ми го прочитате? Сите тестови за бременост што се достапни на пазарот даваат визуелни резултати, без разлика дали со приказ на тест или линија на електронска основа.

Најголемата добротворна организација за губиток на видот во Велика Британија – RNIB ги повикала дизајнерите да смислат тест кој би можело да го користат и слепите лица или лицата со оштетен вид. Нивната кампања наречена „Дизајн за сите“ има цел да ги сруши бариерите што постојат во општеството или на пазарот. Од организацијата порачуваат дека никој не би требало да ја жртвува својата приватност поради непристапниот дизајн. Соработката на организацијата со дизајнерката Џош Васерман резултирала со успешен прототип на тест за бременост. Кога се користи тестот, тактилните испупчени места се појавуваат на долната страна на уредот. Ако резултатот е позитивен, на врвот се појавува уште еден збор со силиконски испупчени места.

фото извор: Sky News

– Навистина е важно да се разбере дека дизајнот може да се користи за кревање на свеста за проблемот и да се покаже што сè е можно да се направи за создавање позитивни промени во индустријата – вели дизајнерката. Сепак, организаторите на иницијативата тврдат дека би можело да помине некое време пред прототипот да стане производ достапен на полиците од продавниците.

– Индустриите, особено потрошувачко-здравствената индустрија, може бавно да се движат, па можеби овој производ нема нужно да го видиме на полиците во наредните години, но нашето истражување покажува што може да се направи и ги поттикнува другите да земат молив/пенкало в рака и да почнат да дизајнираат производи за себе и за општествените групи на кои им е потребна помош – вели претставникот на организацијата. Од добротворната организација велат дека преговараат со компанијата „КлиарБлу“, еден од најголемите добавувачи на тестови за бременост, за воведување пристапни модели наменети за слепи и слабовидни лица.

Автор: Ашна Хуринаг

Извор



912

X