Прекрасна божиќна реклама повторно го освојува светот. Овој пат, двеминутната реклама прикажува еден дедо кој, изолиран од пандемијата, почнува сопствен фитнес-предизвик.
Тој се обидува да крене тег, мотивиран од фотографија во рамка чија слика гледачите не можат да ја видат. Она што на крајот од рекламата ќе го видите, кога ќе откриете зошто дедото вежба во текот на годината, истовремено ќе ви го стопли и скрши срцето.