Игротека

Една мајка споделува едноставен трик за нејзините деца да не бараат играчки пред Божиќ

Кристина Ватс вели дека има едноставен начин што го користи кога нејзините деца почнуваат да плачат за играчки што ги сакаат за Божиќ.

Кристина, која е од Вашингтон, вели дека нејзините посети во продавниците биле прилично лоши бидејќи нејзините деца сакале сè што ќе виделе.

Таа вели дека нејзината метода е прилично ефикасна: им вели на своите деца да се сликаат со играчката што ја сакаат за сликата да му ја испратат на Дедо Мраз.

На нејзиниот фејсбук-профил објаснува:

– Уште еднаш, мојата камера е преполна со слики од Емерсон со секоја играчка што ја сака за Божиќ. Зошто? Затоа што тоа е најневеројатен родителски трик. Ако не го користите, слушајте ме.

Нашите посети во продавниците беа многу болни во текот на овој период од годината. Моите деца ги сакаа сите играчки. Очигледно би сакала да имам слатки, неaлчни, смирени деца со добри манири, кои не бараат работи, но немам.

Ако имате деца како моите, кои сакаат неверојатни работи од различни продавници, ова е за вас.

Што треба да направите? Направете фотографија. Толку едноставно.

Паузирајте секунда, коментирајте го нештото што го бараат и речете им: – Ајде да те сликам со него и да го испратиме до Дедо Мраз за да знае дека го сакаш.

Таа вели дека откако ќе ги фотографира децата, тие ги оставаат играчките и си заминуваат.

Магично е. Без солзи. Без тантруми. И забораваат на играчките во рок од три минути.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top