Игротека

„Слатка си, но не толку за да останеш будна“. Разговор на татко со 4-месечната ќерка

Рејчел Муноз сподели скапоцен момент помеѓу нејзиниот сопруг и нивната ќерка на социјалната мрежа „Тик-ток“. На видеото можете да слушнете како тој разговара со 4-месечната ќерка и се обидува да ја заспие.

Таткото не сфатил дека мониторот за бебиња во нивната спална соба е вклучен, па така Рејчел можела да слушне што зборува.

– Мојот сопруг е најдобар – напишала Рејчел под видеото.

На видеото можете да слушнете како овој татко ја задева својата ќерка велејќи ѝ:

– Да, време е за спиење. Не обидувај се да го покажеш твоето слатко лице. Ја знам твојата игра, тоа го правиш секогаш кога ти менувам пелена. Ми даваш слатка мала насмевка и мислиш дека така ќе ме освоиш. Тоа не функционира на мене. Слатка си, но не толку за да останеш будна.

@rachie23munozMy husband is the best ?? #dadsoftiktok #girldad #babydontwannasleep♬ original sound – Rachelle Muñoz

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top