Одвреме-навреме, и покрај сите хорори како серијата „Црно огледало“ што ни ги донесоа друштвените мрежи, па и покрај опсесијата со лајкови, се појавуваат некои мали скапоцености кои во минатото не би биле баш толку лесно достапни. Еден од нив е проектот на мајката Дени Џанандреја, инаку свадбен и семеен фотограф, која ги израдува следбениците на „Инстаграм“ со интересен колаж од фотографии.
Таа го фотографирала својот син Лоренцо во период од 12 месеци, секој месец по една слика, во кутија за пица, така што тргнала со едно парче, а потоа, како што растело момчето, додавала по уште едно.
– Неговата баба ми рече дека морам да му оддадам почест на неговото име, а и на италијанското потекло, па се согласив – објаснува мајката во интервју за „Гуд морнинг Америка“.
Секоја чест за идејата!