На сите нови родители главниот град на Холандија, Амстердам, традиционално им дава подарок – пешкир за капење за бебињата украсен со мотото „Јас-Амстердам“.

– Потребна ни е одржлива алтернатива – изјави Турија Мелиани, член на зелената партија „Гроенлинкс“.

Затоа отсега на новите родители ќе им се понуди да изберат што сакаат за подарок: ќебенце направено од рециклирана океанска пластика и органски памук, произведен во Европа, или засадување дрво преку фондацијата „Дрвја за сите“.


– Исто така, родителите ќе добијат честитка од градоначалникот на таканаречената хартија за живеење. Хартијата содржи семе, така што од неа можете да одгледувате цвеќиња – изјави Турија.

Сегашниот пешкир за капење се смета за нееколошки поради тоа што е направен во Кина и поради јачината на бојата, па мора да се испере трипати пред првата употреба.

Извор



912

X