Велат дека бебињата не се сеќаваат многу кога се раѓаат. Тие не гледаат добро и се многу нежни, но можат да препознаат звуци кога се во стомакот на нивната мајка. А, ако не ѝ верувате на науката, оваа прекрасна приказна на еден бразилски пар ќе го охрабри секој иден родител да разговара со своето бебе додека е во стомакот на мајката.

Тарсила Роса и Флавио Дантас едвај чекале да се роди нивното прво бебе, Антонела. Всушност, нејзиниот татко бил толку возбуден, што ѝ зборувал секој ден наутро и откако се враќал од работа.

Тој постојано ѝ зборувал дека ја сака многу, галејќи го стомакот и кажувајќи му на бебето дека секогаш ќе биде тука за него.

Иако Флавио не бил сигурен дека неговите зборови ќе стигнат до неговата ќерка, продолжил да ѝ зборува во текот на целата бременост. А кога бебето пристигнало на овој свет, му покажало на Флавио дека цело време слушало што зборувал.

По раѓањето на бебето, Флавио ги повторил истите зборови што ги кажувал во текот на цела бременост, а бебето го поздравило со најискрена насмевка. Бебето почнало да се смее веднаш штом Флавио почнал да зборува.

 

 

View this post on Instagram

 

Quando vi minha família pela primeira vez ❤️?

A post shared by Antonella (@antonella.vilela) on

Извор



912

X