Децата од предучилишните установи ќе добиваат свежи сезонски овошја од домашно производство како кајсии, праски, сливи, круши и јаболка во текот на пет месеци, односно секое дете треба да добие по еден килограм овошје неделно.

Министрите за труд и социјална политика и за земјоделство, Јованка Тренчевска и Љупчо Николовски, денеска го најавија почетокот на програмата за поттикнување на потрошувачката на свежо овошје за 2023 година што ги вклучува сите градинки во државата и предвидува свежо сезонско овошје секој ден, за секое дете.

Со оваа програма ќе бидат опфатени 38.000 деца од сите градинки во државата.   

Извор: МИА



912

X