Сигурно се сеќавате на речениците што вашите родители секојдневно ги изговарале кога сте биле деца, а добри се шансите и вие денес да ги користите. Мајките од Балканот особено се познати по овие фрази, кои никако не успеваат да им здосадат.

Во детството ни пречеле, понекогаш нè навредувале и често поради нив сме се нервирале. Но сега, кога сме возрасни луѓе и имаме свои деца, разбираме дека тоа било израз на љубов и грижа од страна на нашите родители. Овие неколку реченици се користат до таа мера што секогаш се повторуваат од генерација на генерација. Сега ни се симпатични и смешни, особено ако им ги кажуваме на нашите деца.

1. Кој кого родил, јас тебе или ти мене?
2. Кога ќе пораснеш, само од себе ќе ти се каже!
3. Облечи ги папучите, ќе настинеш!
4. Покриј се, разголена ти е половината, ќе ти отидат бубрезите!
5. Сто пати сум ти рекла да не се нишаш на столот.
6. Таму каде што фрли, таму и да бараш.
7. Завршив училиште пред 20 години, а и ден-денес ја памтам таблицата за множење.
8. Јас во твои години…
9. Не ме интересираат други деца, туку ти!
10. Затоа што јас така велам, затоа!
11. Гледај ме додека ти зборувам!
12. Гледаш ли колку е часот?
13. Ќе го добиеш ти своето кога ќе дојдеме дома.
14. Затвори ја вратата, не си роден во чамец.
15. Ист си како татко ти…
16. Ќе разбереш кога ќе дојдеш на мои години.
17. Еден ден и ти ќе имаш деца, па ќе видиш!
18. Додека јас ти купувам, ќе се облекуваш така. Ако сакаш да следиш мода, оди и заработи си ги парите!
19. Да не те слушнам да кажеш „не сакам“!
20. Твоја единствена обврска е да учиш!
21. Намали ја музиката! Немој јас да ти влезам во соба и да ја намалам!
22. Внимавај како зборуваш со мене!
23. Памет в глава!
24. Ќе се сетиш ти на моите зборови.
25. Имаш ли ти куќа?
26. Додека си под мој покрив…
27. Да се нацрташ за секунда пред мене…
28. Заработи, па троши!



912

X